Романија – референдум - претседател
19 мај 2007Реклама
Граѓаните на Романија денеска на референдум се изјаснуваат за барањето за одземање на претесдателската функција на Трајан Басеску. Басеску беше претходно суспендиран од парламентот. Голем број пратеници од владеачката коалиција, но и од опозицијата му префрлаат дека се меша во ингеренциите на владата. Басеску ги отфрла сите обвинувања, а според анкетите може да смета на широка поддршка на граѓаните.