1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Романското судство спроведува истрага против полицијата

СН/ агенции
14 август 2018

Стотици луѓе беа повредени во полициската операција против антивладините демонстранти минатата недела во Букурешт. Тоа може да има последици за одговорните.

Rumänien Verletzte bei Großkundgebung in Bukarest
Фотографија: DW/C. Stefanescu

„Досега примивме околу 30 жалби и моите колеги разговараат со сите што се повредени", рече одговорниот романски јавен обвинител Јонел Корбу. „Сите кои се осомничени за кршење на законот треба да бидат сослушани“, продолжи Корбу. Во истражната постапка, исто така, треба да бидат евалуирани полициските документи и видеата на безбедносните сили, медиумите и демонстрантите направени на лице место.

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис повика одговорните за насилството да бидат „идентификувани и брзо казнети“. Тој повторно ги критикуваше насилството и бруталните дејствувања на полицијата против демонстрантите. Да се напаѓаат недолжни луѓе, новинари, жени и деца е незамисливо во една земја членка на ЕУ, потенцираше Јоханис.

Клаус ЈоханисФотографија: Reuters/R. Sigheti

Минатиот петок, полицијата со солзавец и водени топови го растури големиот протестен собир во главниот град Букурешт, на кој учествуваа околу 80.000 луѓе. Имаше повеќе од 450 повредени лица. Полицијата ја опиша својата операција како „разумен“ одговор кон насилните демонстранти кои фрлаа со камења и шишиња кон безбедносните сили.

Демонстрантите не попуштаат

И во саботата, неделата и понеделникот, илјадници луѓе излегоа на улиците за да протестираат против владата. Владејачките социјалдемократи предводени од партискиот лидер Ливиу Драгнеа сакаат да ги олеснат антикорупциските закони и да го го реконструираат правосудниот систем. Критичарите ја обвинуваат владата дека со тоа ја отвора вратата за уште поголема корупција во Романија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми