1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ромите-маргинализирани, но не и прогонувани

Зоран Арбутина / Ж.А.25 септември 2015

Речиси една третина од барателите на азил од Западен Балкан припаѓа на малцинството Роми. Во своите татковини тие често се запоставени. Но, тоа не значи и право да добијат азил.

Дали во Србија или Македонија, Бугарија или на Косово: во сите овие земји веќе со векови живее ромско малцинство. Но, таму Ромите се масовно издвојувани и дискриминирани. Ги нарекуваат подбивно „Цигани“, а во минатото често биле и прогонувани. Денес во најдобар случај ги толерираат, но не се прифатени за рамноправни сограѓани. „Станува збор за малцинство кое е општествено маргинализирано во сите земји и исклучено од социјалните, политичките и економските организациски форми“, вели Жељко Јовановиќ, директор на Бирото за ромски иницијативи во Фондацијата Отворено општество во Будимпешта во разговор за Дојче веле. Резултат е: каде и да живеат, Ромите го сочинуваат најсиромашниот општествен слој. „Според податоците од ОН, околу 40 проценти од Ромите живеат на работ на сиромаштија“, потврдува Јовановиќ.

Затоа, многумина својата среќа и излез од бесперспективноста ги бараат во Западна Европа, често во Германија. Патувањето кон Запад за нив е олеснето. Ромите од Бугарија и од Романија, како граѓани на ЕУ, можат да патуваат без ограничувања. За луѓето од Србија, Македонија, БиХ или Албанија е укината обврската за визи. Само на граѓаните од Косово се‘ уште им е потребна виза за да стигнат до Германија. Кога веќе ќе стигнат на Запад, тие по правило се обидуваат да изнудат право на престој или преку барање на азил или како граѓани на ЕУ да стигнат до користење на социјалните погодности и помош.

Без шанса за азил

Одблизу една третина од балканските бегалци во Германија припаѓаат на ромското малцинство: податоците на германската влада во првиот квартал од оваа година велат - 91 процент од барателите на азил од Србија се Роми, следи Македонија со 72 проценти, Босна -6 0 проценти и Црна Гора- 40 проценти. Наспроти тоа, само 9 насто од барателите на азил од Косово и од Албанија се припадници на ромското малцинство. Во првите три месеци годинава во Германија пристигнале вкупно 42.000 бегалци од Западен Балкан.

За волја на вистината, во Германија во меѓувреме е познато оти Ромите често се посебно дискриминирани во своите татковини, но сепак немаат речиси никаква шанса за добивање азил. Србија, Македонија и Босна и Херцеговина веќе се прогласени за сигурни земји на потекло, што значи - таму не постои систематско прогонување на луѓето, вклучувајќи ги и Ромите. Затоа, граѓаните од овие држави во основа немаат никакво право на азил во Германија.

Тоа се отсликува во квотите на добиен азил: во месец август само 0,4 проценти од бегалците од Македонија добиле позитивен одговор, од Србија - 0,1 прцент. Во меѓувреме како сигурни земји на потекло беа прогласени и Косово, Албанија и Црна Гора. Со тоа значително се забрзуваат постапките за азил и луѓето побрзо можат да бидат вратени назад.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Маргинализирани и во Германија

Ромите кои доаѓаат во Германија од ЕУ-државите Романија и Бугарија се во правно поинаква ситуација. Во првите три месеци тие немаат никакво право на социјални услуги. Целта на ова правило е спречување на т.н. социјален туризам во Европа. По три месеци се врши проверка кој има право на социјални услуги. Тоа важи првенствено за ЕУ-граѓаните кои во Германија нашле работа или започнале самостојна дејност. За оние кои во Германија доаѓаат без работа, ситуацијата е потешка. Тие навистина примаат детски додаток, но според германската законска регулатива во областа на социјалата, социјалната помош - Харц 4 не се исплаќа на странци кои во Германија се наоѓаат само поради барање работа. Овој принцип во меѓувреме го потврди со своја пресуда и Европскиот суд.

Бидејќи се граѓани од ЕУ, Ромите од Романија и Бугарија можат да се населат во Германија. Но, тие и овде често се запоставени. Во „Извештајот за статусот на Ромите “ стои - речиси една третина од испрашаните лица примале социјални услуги. Нивните деца во групата доселеници ја сочинуваат најголемата група ученици без знаење на германскиот јазик. Многумина млади немаат речиси никакво основно образование и мораат да „научат да учат“. Бидејќи некои семејства не располагаат воопшто со здравствено осигурување, мора да бидат третирани во службите за итна помош и при најлесни заболувања, како настинки. Лоши се и нивните станбени услови. Приватните станодавачи многу ретко се подготвени да примат Роми за станари. Во германската работна статистика не се води ставка за етничка припадност, но извештај од Сојузната агенција за работа укажува на посебно висока невработеност кај Ромите од Бугарија и од Романија. Нивната маргинализација нуди „плодна почва за криминалитет или присилна проституција“, се вели во документот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми