1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ромот кој предава бугарски јазик во Кобленц

Марија Илчева
8 април 2020

„Во Германија се осмелувам да кажам дека сум Ром. Во татковината тоа не би го сторил во некои ситуации“, вели Русин Коцев, лингвист по потекло од Бугарија.

Bulgarien Rusin Kotzev, Lehrer in Koblenz
Фотографија: DW/M. Ilcheva

34-годишниот Бугарин, Русин Коцев, од пред две години  предава бугарски јазик во средното училиште Гете во Кобленц. Бугарија ја напуштил поради економската ситуација. Читање, пишување, граматика - благодарение на Русин Коцев бугарските ученици во Кобленц може да го вежбаат својот мајчин јазик. Повеќето се Роми, како и нивниот наставник.

Русин Коцев е доктор на науки кој предавал на универзитетот во Велико Трново. Радосен е што во Кобленц може да остане во професијата, иако пред него не седат студенти, туку деца на возраст од седум до 15 години.

„Во училиштето Гете во моментов има околу 30 деца од Бугарија. Сите доаѓаат на наставата по бугарски јазик“, вели тој.

Повеќе:

Како навистина живеат Ромите во Европа?

Спас од ромското гето со помош на музиката

Корона кризата и Ромите: Заборавената ризична група

Повеќето бугарски ученици во училиштето се доселиле во Германија пред само неколку години. За нив Русин Коцев е важна личност.

Што велат тие за својот наставник, какво е мислењето на директорот на училиштето и како Русин Коцев урива ѕидови во својот живот, погледнете во видеото:

 

Ромот кој предава бугарски јазик во Кобленц

04:36

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми