1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рот во понеделник во Скопје- тема референдумот

БГ
20 јули 2018

Германскиот државен министер за Европа во понеделник доаѓа во Скопје на средби со претставници на власта и опозицијата. Како што најави германското МНР, централна тема на состаноците ќе биде договорот со Грција

Westbalkan Gipfel in London Michael Roth
Фотографија: Imago/A. Parsons

Михаел Рот ќе биде првиот висок претставник од земјите-членки на ЕУ кој доаѓа во Скопје во пресрет на очекуваниот референдум за промена на името најавен за наесен. Најавени се средби на државниот министер со премиерот и вицепремиерот Зоран Заев и Бујар Османи, со министерот за надворешни работи Никола Димитров како и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 
Од германското МНР наведуваат дека посетата на Рот на Скопје доаѓа еден месец по потпишувањето на договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција и потенцираат дека токму спроведувањето на овој договор ќе биде централна тема на состаноците, покрај разговорите за спроведувањето на неопходните реформи во земјата. 
„За натамошната евроатлантска интеграција на бјр Македонија одлучувачки е историскиот договор со Грција да биде ратификуван од обете страни. Скопје и Атина со пример покажаа дека и тешките теми се решливи со храброст, истрајност и подготвеност на компромис. Решавањето на спорот за името е нераскинливо врзано за натамошниот пат кон ЕУ и НАТО. Притоа, владата во Скопје мора и натаму да продолжи храбро со спроведување на реформите“, вели во Рот во изјавата пред доаѓањето во Македонија. 
В понеделник се очекува и нова лидерска средба на која македонските политички лидери треба да постигнат компромис за серија клучни прашања од кои најважно е секако она за одржувањето на референдумот. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми