1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русин осомничен за шпионажа уапсен во Норвешка

ЖА / агенции
24 септември 2018

Норвешките власти на аеродромот во Осло уапсиле Русин, чие однесување било сомнително, а кој претходно учествувал на меѓународен конгрес во Парламентот.

Parlamentsgebäude Norwegen
Фотографија: picture-alliance/imagebroker/R. Herzog

Рускиот државјанин е притворен поради сомневање дека вршел шпионски активности. Руското Министерство за надворешни работи и руската амбасада во Осло го потврдија апсењето на 51-годишникот, кому е пружена конзуларна помош, како што јавува руската новинска агенција Тасс. Рускиот амбасадор во Норвешка, Теимураз Рамишвили на својата Фејсбук-страница го критикуваше апсењето извршено, според него, со „смешно обвинување“. Норвешката премиерка Ерна Солберг изјави дека е информирана за апсењето, но не сака да го коментира, зашто случајот е во надлежност на правосудните органи.

Според норвешките медиуми, осомничениот шпион бил задржан на аеродромот во Осло, откако претходно учествувал на меѓународен семинар во норвешкиот парламент, заедно со претставници од 34 земји. Тема на конференцијата во организација на Европскиот центар за парламентарна наука и документација меѓу другото бил и сајбер-криминалот. Русинот се однесувал сомнително, по што била активирана норвешката тајна служба.

Весникот „Верденс Ганг“, по притворањето на осомничениот Русин, го цитира адвокатот на Норвежанец, уапсен поради шпионажа во Русија, поранешен граничен службеник од градот Киркенес, кој се надева дека може да дојде до размена.

Во западните земји зачестено доаѓа до апсење на осомничени руски агенти. Неодамна беше објавено дека двајца Руси, кои наводно ја хакирале швајцарската лабораторија за хемиско оружје, во визирот ја имале и Светската антидопинг агенција ВАДА.

Светски реномираниот хемиски институт во Шпиц во Швајцарија меѓу другото беше задолжен за испитување на примероците од нервниот гас со кој беше затруен поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал во британскиот град Солсбери.  

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми