1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија бара Украина да остане неутрална

ЕМФ/ард/афп/ртр11 април 2014

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров побара гаранции од Западот дека Украина ќе остане неутрална. Американскиот претседател Барак Обама се заканува со нови санкции.

Фотографија: Reuters

Првиот по ранг руски дипломат, Сергеј Лавров, како што јавија руските новински агенции, подвлекол дека Москва е против приклучување на Украина кон НАТО. Освен тоа, тој изразил и подготвеност за учество на планираните четирипартитни преговори наредната недела, на кои би присуствувале претставници на САД, ЕУ, Украина и Русија. На таа средба на дневен ред, според Русија, треба да се најде долгот за гас што Украина го има кон Москва.

Обама се заканува со нови санкции

Американскиот претседател Барак Обама во меѓувреме со западните партнери се договара за нови санкции поради руската политика кон Украина. САД, ЕУ и другите глобални партнери мора да работат на „заострени санкции“, доколку Русија дозволи натамошна ескалација на кризата, се вели од Белата куќа по телефонскиот разговор што Обама го водел со германската канцеларка Ангела Меркел.

Според информации од германската влада, телефонскиот разговор на Меркел и Обама се однесувал пред се‘ за планираната четирипартитна средба на министрите за надворешни работи на Русија и Украина, САД и првиот по ранг ЕУ-дипломат, Кетрин Ештон, што наредниот четврток (15.04) треба да се одржи во Женева.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми