1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија го вовлекува Западниот Балкан во трговската војна со ЕУ

БГ/ртр/миа7 август 2014

Русија и Западот влегуваат во отворена трговска војна во која Западниот Балкан повторно може да биде колатерална штета. Полски министер предупредува дека Москва игра на таа карта.

Фотографија: ALEXEI NIKOLSKY/AFP/Getty Images

Полскиот министер за земјоделие Марек Савицки предупреди синоќа дека рускиот претседател Владимир Путин со најновата одлука да се блокира увоз на земјоделски производи од ЕУ, настојува да го вовлече Западен Балкан во трговска војна меѓу Русија и Западот.

„Можеби целта на Путин е да ги вовлече во трговска војна балканските држави. Се‘ укажува на тоа дека балканските држави кои не се членки на ЕУ може да бидат пазари на кои Русија ќе купува храна. Тоа може да бидат елементи на играта на Путин. Сигурно дека ќе се обиде да ја подели Европа“, изјави Савицки за полската телевизија ТВН-24.

Русија одлучи да ја ескалира економската војна поради кризата во Украина и воведе забрана за увоз на храна од САД и на овошје и зеленчук од ЕУ. Забраната за увоз доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин наредил да се возврати на санкциите од Западот кон Русија.

Белата куќа оцени дека потегот на Москва повеќе ќе им наштети на руските граѓани поради очекуваниот раст на инфлацијата.

Отворено за трговска војна зборува и полскиот вицепремиер и министер за економија, Јануш Пјехочински кој како и Савицки е уверен дека Москва настојува да предизвика поделби во Европа.

„Одиме во војна каква што немало во Европа. Трговска војна. Трошоците и загубите ќе бидат на двете страни. Освен тоа, тука е и граѓанската војна во Украина“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми