Русија е моќна држава
1 февруари 2006
На неговите големи прес-конференции во Кремљ Владимир Путин секоја година демонстира пред се едно: неговата моќ, истрајност и сила. Во истовреме во салата се креваат раце од сите страни за да се постават парашања: еден го интересира приватизацијата на земјиштето, другиот сака да знае кога претседателот ќе го посети Бајкалското езеро, третиот пак се уште не разбира зошто е донесен спорниот закон за невладините организации, на што Путин одговори:
„На општеството му се потребни невладините организации за контрола на државата. Тие се важен дел на општеството и државата ги поддржува. Меѓутоа, нивното финансирање мора да биде транспарентно и незвисно за да не бидат марионети водени од странство„.
Голем дел од прапшањата се однесуваа на руската енергетска политика и на спорот со гасот за Украина од крајот на декември минатата година. Путин радо ја повтори позицијата на Русија:
„Субвенционирањето на украинската економија ги чинише руските даночни обврзници три до пет милијарди долари годишно. Субвенционирање кое 15 години се сметаше за разбирливо само по себе. Така не може. Ние имаме сопствена економија и сопствени граѓани. На пример, Германија инвестира огромни суми во развојот на Источна Германија, за обединувањето. А, за што плаќаме ние?„.
Рускиот претседател повеќепати зборуваше за примери од германската политика и од уставната практика. Тој ги пофали Герхард Шредер и Ангела Меркел и укажа дека ќе потрае уште извесно време додека Русија обезбеди толку парламентаризам и федерализам колку Германија. Оттаму, за догледно време на државата и е потребен силен претседател.
Во последно време често формулираната теза дека Русија не е подготвена за целосно членство во клубот Г-8, Путин напротив смета дека Русија е извонреден посредник меѓу индустриските и сиромашните држави:
„Има критичари кои велат дека Русија не би требало да припаѓа кон Г-8. Но, јас ги знам ставовите на лидерите на Г-8. Тие сите се за тоа Русија да биде во овој клуб и активно да учествува. Зашто никој не сака Г-8 да биде само собир на дебели мачори„.