1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија жали за стопирањето на соработката со НАТО

АТ/ дпа/афп2 април 2014

Русија го обвинува НАТО дека повторно го користи јазикот на студената војна. Во соопштение во Москва се изразува жалење на најавата дека Алијансата привремено ќе ја стопира меѓусебната соработката.

Фотографија: Reuters

Одлуката на министрите за надворешни работи на НАТО кои заседаваа во Брисел не е добра ниту за Русија, ниту за НАТО, се вели во соопштение од руското Министерство за надворешни работи во Москва. Оттаму се наведува дека со ова и реакцијата на природни катастрофи во иднина ќе биде отежната.

Освен тоа министерството критикува: „Јазикот на соопштението потсетува на вокабуларот од времето на Студента војна“. Во однос на датумот на одлуката на НАТО 1. април, вицепремиерот Димитри Рогозин се исмеваше, дека би можело да се работи само за априлска шега. Официјален став на Кремљ сѐ уште нема.

Министрите за надворешни работи на првиот ден од својата средба во Брисел донесоа одлука, во голема мера да ја стопираат соработката со Русија поради кризата со полуостровот Крим и да го зголемат военото присуство на истокот на територијата на сојузот.

Политичкиот дијалог со Москва во Советот НАТО-Русија меѓутоа треба да продолжи. 28-те министри за надворешни работи во вторникот постигнаа согласност и за тоа да ја поддржат Украина при формирањето на безбедносните структури. Сверноатлантскиот сојуз има намера и да ѝ помогне на земјата при модернизацијата на силите за безбедност и најави заеднички воени маневри.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми