Воените вежби „Исток 2018“, кои ќе се одржат во средината на септември, ќе бидат најголеми воени маневри во последните речиси 40 години.
Реклама
Русија планира на наредните големи маневри наречени „Исток 2018“ да ангажира околу 300.000 војници. Тоа ќе биде најголема воена вежба по онаа од времето на Советскиот сојуз во 1981 година, рече рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска во сибирскиот град Абакан.
Oд 11 до 15 септември воени вежби ќе има на речиси сите армиски локации во Сибир и на Далечниот Исток.
Ќе се користат околу 1000 воени авиони и хеликоптери, а тоа покрај тоа во маневрите ќе учествуваат пацифичката и северната морнаричка флота на Русија. „И сите воздушно-десантни единици ќе бидат вклучени во вежбите“, додаде Шојгу.
Во некои фази на маневрите, исто така, ќе учествуваат и војници од Кина и и од Монголија. Претседателот Владимир Путин во тој период беше учествува Економскиот Форум за Далечниот Исток во Владивосток и таму ќе оствари средба со кинескиот колега Ши Џинпинг, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Меѓутоа, не е планирана заедничка посета на воената вежба.
Минатата година Русија одржа големи летни маневар на нејзината западна граница се одржа. Во балтичките држави, во Полска, како и во НАТО, се појавија стравувања, бидејќи во вежбите беа вклучени многу повеќе војници отколку што официјално беа пријавени.
Владимир Путин: Патот до моќта
Владимир Путин е избран за претседател на Русија во четвртиот мандат. Поглед кон подемот на Путин од нискорангиран агент на КГБ до незапирлива политичка сила.
Фотографија: Reuters/D. Mdzinarishvili
Кадет на КГБ
Роден во Санкт Петербург во 1952, Путин се пријави во советската раразузнувачка служба КГБ веднаш по завршувањето на правниот факултет во 1975. Негова прва задача бил надзорот на странски државјани и вработени во конзулатите во родниот град, тогаш со името Ленининград Потоа замина на служба во Дрезден, источна Германија. Тој наводно запалил стотици документи на КГБ по падот на Берлинскиот ѕид.
Лево на фотографијата, младиот Путин стои до тогашниот градоначалник на Санкт Петербург, Анатоли Собчак. Тој му беше професор на Путин и го назначи за свој советник за меѓународни прашања. И покрај корупцискиот скандал на почетокот од службата, Путин не ја загуби работата, токму поради пријателството со Собчак.
Фотографија: Imago/ITAR-TASS
Метеорски подем
Путин набргу се префрли во Москва. Во 1997 рускиот претседател Борис Елцин му додели среднорангирана функција во неговата администрација- позиција која Путин ќе ја искористи за да создаде важни политички пријателства, кои ќе му бидат од полза во наредните децении.
Фотографија: picture alliance/AP Images
Смртта на пријателот
Путин беше длабоко потресен од смртта на Собчак во 2000 година. Откако ученикот политички го надмина својот учител, Собчак стана гласен поддржувал на кандидатурата на Путин за претседател на Русија. Една година претходно, Путин ги искористи своите врски за да бидат отфрлени обвинувањата против Собчак за проневера.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Chirikov
Привремен претседател
Во јуни 2000 година, Борис Елцин поднесе оставка, отстапувајќу му на премиерот да стане привремен лидер на државата. За време на успешната претседателска кампања, повторно излегоа на површина обвинувањата за корупција против Путин од времето на неговата служба во Санкт Петербург. Марина Салје, пратеничката која ги изнесе обвинувањата, беше замолчена и принудена да го напушти градот.
Фотографија: Imago/ITAR-TASS
Тандемократија
Кога Путин уставно беше спречен да се кандидира за трет последователен мандат во 2008 година, премиерот Дмитри Медведев се кандидираше на негово место. Кога Медведев беше избран, тој го назначи Путин за премиер. Тоа доведе до критики за „тандемократија“ во Москва и многумина беа убедени дека Медведев е марионета на Путин.
Фотографија: Imago/ITAR-TASS
Победа
Во март 2018 година, Владимир Путин е избран за руски претседател во четврти мандат. Путин ќе биде на власт и во наредните шест години, со оглед дека претседателскиот мандат претходно беше продолжен на шест години. Избоrите беа засенети од обвинувањата за нерегуларности и манипулации, како и од фактот дека немаше вистинска опозиција на Путин.