1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија и НАТО се здружија против тероризмот

14 јануари 2005

Советот Русија НАТО го усвои планот за делување во борбата против тероризмот, изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Иванов на невладиниот Совет за меѓународни односи во Њујорк.

Планот предвидува три нивоа на соработка: спречување на терористички опасности, непосредна борба против терористички организации како и ликвидација на последиците од извршените терористички напади, изјави Иванов наведувајќи и низа проблематични прашања.

Околу Русија се одвиваат различни процеси од кои некои можеме да ги толкуваме како загрозување на нашата безбедност. Ние сме партнери со НАТО, но не гледаме смисла во проширувањето на алијансата, исто како што не гледаме смисла во создавањето противракетна одбрана, рече Иванов.

Треба отворено да се признае дека Русија и НАТО не постигнале повисоко ниво на координација во борбата против тероризмот, а пред нас се наоѓа опасен заеднички противник кој е во состојба да го минира целокупниот систем на стратешка безбедност во светот, нагласи Иванов.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми