1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина вели дека загинале 10.000 нејзини војници

ЕМФ | Тагесшау
11 јуни 2022

Во војната во Украина досега загинале околу 10.000 украински војници, наведе советникот на украинскиот претседател, Олексиј Арестович. Во Мариупол има колера, соопшти градоначалникот.

Symbolbild Krieg Ukraine Verluste Widerstand
Фотографија: Ivan Alvarado/REUTERS

Од почетокот на руската инвазија на Украина загинале околу 10.000 украински војници, изјави советникот на украинскиот претседател, Алексиј Арестович. Претходно, украинскиот министер за одбрана Олексиј Ресников рече дека во моментов дневно животот го губат по околу 100 украински војници. Досега ниту од украинска ниту од руска страна нема прецизни податоци за загубите во војната која започна на 24 февруари.

Во меѓувреме, борбите во источна Украина продолжуваат. На фронтот нема поголеми промени. Украинската страна зборува за успеси благодарение на муницијата од Запад и апелира на забрзување на темпото на доставување оружје. Ударната сила на украинските безбедносни сили зависи од испораката на западното оружје, изјави претседателот Володимир Зеленски во своето вечерно видео-обраќање.

Во Мариупол има колера

Градоначалникот на Мариупол побара од Обединетите Нации и Меѓународниот Црвен Крст да се заложат за бегалски коридор, за преостанатите жители на градот, кој е во руски раце, да може да си заминат. Во Мариупол, како што вели градоначалникот, избила колера. „Избија дизентерија и колера. Војната, која однесе повеќе од 20.000 животи, со избивањето на овие инфекции, за жал, ќе однесе уште илјадници животи во Маирупол“, оцени градоначалникто Вадим Бојченко.

Жители на Мариупол чекаат ред за вода (3.06.2022)Фотографија: AFP

Според него, во градот се уништени санитарните постројки, а на улиците скапуваат човечки тела. Бојченко ги обвини Русите дека уриваат згради во Мариупол без претходно да ги закопаат телата на загинатите. Мртвите се транспортираат заедно со шутот, напиша Бојченко на Телеграм.

Во Мариупол, кој беше под опсада на руските труписо недели, се уништени 1300 згради, а под повеќекатниците се претпоставува дека има меѓу 50 и 100 мртви. Ваквите наводи не можат да се проверат од независни извори.

Русија издава пасоши на украинска територија

Во меѓувреме Русија продолжува со напорите да ги врзе што е можно повеќе за себе украинските територии. Од денеска во регионот Запорожје, кој е под контрола на руските сили, ќе се издаваат руски пасоши за населението. Оние кои ќе добијат руски пасош, ќе се сметаат за полноправни граѓани на Русија, изјави претставникот на руските окупаторски власти, Владимир Рогов за телевизијата Росија-24. Според Рогов, барања за руски пасош доставиле над 70.000 луѓе.

Рускиот претседател Владимир Путин во мај ја поедностави процедурата за добивање руски пасош. Русија дели пасоши и во други окупирани украински територии и таму ја воведува рубљата како платежно средство.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми