1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија не прифаќа наметнато решение за Косово!

Силвера Падори22 февруари 2007

И денеска е бурно во политички Берлин. Претпладнево шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнамер дебатираше за Иран со своите колеги од САД и Русија, по што имаше билатерална средба со Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни работи. На дневен ред се најдоа праша за Блискиот Исток, топ актуелниот Иран, спорот околу НАТО ракетите во Источна Европа, но и Косово за чие решение Германија и Русиј

Лавров и Штајнмаер единствени за многу прашања, но не и за Косово
Лавров и Штајнмаер единствени за многу прашања, но не и за КосовоФотографија: AP

а не се усогласени

"

Секако дека разговаравме за Косово. Тоа е тема околу која не сме истоимисоленици. Во наредните денови и недели ќе треба да се услогласиме околу разговорите кои ги води Марти Ахтисари со одговорните од Косово и Србија. Првите вреднувања на Ахтисари околу разговорите се неповолни. До сега нема никакво доближување меѓу српската и косовската позиција. Но, и покрај сите тешкотии треба да продолжат напорите за изнаоѓање решение и да се најде патот до Советот за безбедност” - истакна првиот човек на германската дипломатија Франк Валтер Штајнамер по разговиорите со својот руски Колега Сергеј Лавров.

“Решението за Косово мора да го донесат двете стани. Никој не смее да донесе присилно решение и Русија нема да учествува во таа шема ” изјави категорично околу Косово Сергеј Лавров образложувајќи ја руската позиција во однос на решението и преговорите кои ги води Ахтисари. Тој забележа дека и лично се познава со Ахтисари, но дека Русија отфрла секакво наметнато решение. Потсети на констрултивната улога која ја имаше Русија во Контакт Групата и подвлече дека многу елементи од Резолуцијата на Советот за безбедност за Косово, статусот се условува со иасполнувањето на стандардите, кои сега не се исполнети.

“На пример враќањето на бегалците кои претставуваат малцински групи на Косово не се спроведува. 90 проценти од од оние кои не се албанско население - Срби, Роми, а кои заминале, не се осмелуваат да се вратат. Значи, не е гарантирана безбедноста” - истакна Лавров, потсетувајќи дека во моментов токму безбедноста ја гарантираат присутните претставници на меѓународната заедница.

Заради недостигот на ваквите основни премиси Русија во Контакт групата бараше да се работи конструктивно и да не се форсира статусот на Косово. Односно, да се оди со договореното - најрпво стандарди, а после статуис, или како што вели Лавров најпрво безбедност, вракање на бегалците, демократизација, слобода на двиќење и изразување. Евентуален компромис според него би било паралелно спроведувањето на стандардите и стаусот. Инаку, Русија во Конаткт групата го поддржува Ахтисари за продолжување на преговорите, но конечно тој има задача да ги води преговорите. Не може ништо да реши и во март со предлозите на Ахтисари ќе се занимава и Советот за безбедност.

Покрај за Косово на разговорот Штајнмаер - Лавров стана збор и за Иран, но и за плановите на НАТО за стационирање ракетен штит во Источна Европа, за што беше поздравена иницијативата на руската страна директно во Москва директно да се разговара со првите луѓе на американската добрана.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми