1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија повлече дел од трупите од украинската граница

БГ /РТР
15 февруари 2022

Русија соопшти дека повлекла дел од трупите кои учествувале во воените вежби на границата со Украина и ги вратила во касарните, во потег кој се толкува како прв чекор кон можна деескалација на кризата во регионот.

Ukraine-Konflikt | Russische Militärübung in Gozhsky
Фотографија: Leonid Shcheglov/BELTA/AFP

Руското Министерство за одбрана во вторникот соопшти дека иако воените вежби на границата продолжуваат, дел од војниците во јужното и западното крило го завршиле своето учество и почнале да се враќаат во касарните. 

Ваквиот развој е спротивен на предупредувањата од САД и Велика Британија кои очекуваат Русија да ја нападне Украина во секој момент. 

Британската министерка за надворешни работи Лис Трус вели дека сака да види целосно повлекување на руските трупи од границата за да поверува дека Москва не планира инвазија.  

Видео снимки на руското министерство за одбрана покажуваат тенкови и други оклопни возила кои се товарат на специјални железнички вагони. 

Киев: Спречена ескалација 

Русија ангажираше над 100.000 војници во близина на границата со Украина, како и дополнителни сили кои учествуваат на заеднички воени вежби во Белорусија, со што Украина е речиси целосно заобиколена од руската војска. 

Германскиот канцелар Олаф Шолц утрово пристигна во Москва на средба со претседателот ПутинФотографија: Maxim Shemetov/REUTERS

Москва досега отфрлаше дека планира да ја нападне Украина, но бара гаранции од САД и НАТО дека Киев нема да му се приклучи на воениот блок. Вашингтон и Брисел досега одбиваа да дадат такви гаранции.  

Украинските власти денеска соопштија дека заедничките напори со западните сојузници спречиле руска инвазија.

„Ние и нашите сојузници успеавме да ја спречиме Русија од понатамошна ескалација. Веќе е средина на февруари и гледате дека дипломатијата функционира“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. 

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел порача дека ЕУ е подготвена да разговара за руските безбедносни грижи.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми