1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Москва одговори остро на санкциите од Вашингтон

ЕМФ / дв
17 април 2021

Американскиот претседател Бајден и рускиот претседател Путин нагласуваат дека не сакаат ескалација на конфликтите. Но, на повидок нема деескалација. По американските санкции следуваат остри мерки од Москва.

USA Russland Kombo Joe Biden und Putin
Фотографија: Eric Baradat/Pavel Golovkin/AFP

Како реакција на протерувањето на десет руски дипломати од САД, Русија воведе забрана за влез на високи американски претставници. Меѓу нив се и министерот за правда на САД, Мерик Гарланд и министерот за внатрешни работи Алехандро Мајоркас.

Влез во Русија им е забранет на вкупно осум актуелни и поранешни претставници на американската адмниистрација, како шефот на ФБИ, Кристофер Реј, координаторката на американските тајни служби Аврил Хејнс и поранешниот советник за безбедност на Трамп, Џон Болтон.

Владимир Путин реагира со забрана за влез на американски претставнициФотографија: Alexei Druzhinin/Sputnik/AP/picture alliance

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија ќе ја ограничи и работата на американски организаци и фондации кои се мешале во внатрешните работи на Русија. Претходно Москва најави протерување на десетмина американски дипломати. Освен тоа, на американскиот амбасадор Џон Саливен му било советувано да отпатува во Вашингтон на „сериозни консултации“, изјави Лавров.

Повеќе:

Нова Железна завеса помеѓу САД и Русија

Тензиите на руско-украинската граница во фокусот на НАТО и САД

Бајден ја турка ЕУ во Втора студена војна

Забраните од Русија доаѓаат по протерувањето на руски дипломати од САД. Белата куќа во четвртокот нареди протерување на руските дипломати како одмазда за хакерскиот напад кој ѝ се припишува на Москва (напаѓачите успеале да влезат во системите на американски  министерства, служби и фирми преку софтвер на фирмата СоларВиндс и биле неоткриени со месеци) и мешањето во американските избори. Покрај тоа беа воведени и други санкции. Меѓу погодените се шест руски технолошки фирми кои, како што се вели, им давале поддршка на руските тајни служби. Според САД, санкционирани се и 32 лица и организации кои се обидувале да извршат влијание врз американските избори по налог на Москва.

Џо Бајден предложи самит во трета државаФотографија: Andrew Harnik/AFP/Getty Images

Американскиот претседател Бајден му предложи на рускиот колега Путин самит кој би се одржат во трета држава. Таква средба би можела да се случи налето во Европа. Сѐ уште не е познат одговорот од Путин. Во Кремљ се вели дека за вакви планови за самит не се од помош санкции. Но, како што се додава, на крајот шефовите на држави ќе одлучат сами дали ќе се сретнат. Финска веќе се понуди да организира самит на Бајден и Путин. Земјата, која не е членка на НАТО, е држава на ЕУ со најдолга граница со Русија, што значи има и свои интереси за надминување на конфликтот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми