1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија сака да го забрани Дојче веле

БГ /АФП
27 септември 2019

Рускиот парламент ќе бара од своето министерство за надворешни работи да му забрани на Дојче веле да работи во земјата поради наводно прекршување на законите и политичка необјективност. ДВ ги отфрла обвинувањата

Bonn Logo Deutsche Welle an der Glastür zum Hauptsitz des Unternehmens
Фотографија: picture-alliance/imageBROKER/S. Ziese

Рускиот пратеник Василиј Пискарев изјави дека парламентарната истрага пронашла докази дека германскиот државно финансиран меѓународен радиодифузер ги повикувал руските граѓани да учествуваат на непријавен протест летово.
Надзорниот одбор на Дојче веле ги отфрли сугестиите за мешање и пристрасност.
„По консултациите со директорот и внатрешно спроведената истрага, бордот заклучи дека известувањето на ДВ од Русија е беспрекорно. (...) Отфрламе било каква сугестија дека ДВ се мешал во внатрешните работи на Руската федерација“, се наведува во изјавата од Берлин.
Претседателот на Надзорниот одбор, католичкиот бискуп Карл Јуестен, вели дека ДВ очекува од руските власти да им дозволат на сите дописници во Русија „да известуваат слободно и без ограничувања“.
Пратеникот Пискарев вели дека парламентарната истрага ќе го опфати и известувањето на британскиот ББС и на американската Слободна Европа, кои наводно, исто така го прекршиле рускиот изборен закон.
Москва претходно ги користеше законите со кои се регулира сопственоста на медиумите за да им се заканува на странски медиуми со исфрлање од земјата како одмазда за односот на странски држави кон руските медиуми.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми