1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГлобално

Русија сака да започне со масовно вакцинирање во октомври

ЕМФ | агенции
1 август 2020

Во октомври треба да започне масовното вакцинирање против коронавирус, јавуваат руски медиуми. Барањето за дозвола се подготвува.

Russland Moskau | Coronavirus | Lomonosow-Klinik
Фотографија: picture-alliance/dpa/Sputnik/T. Makeyeva

Рускиот државен истражувачки институт Гамалеја во Москва ги заврши клиничките истражувања со вакцината, соопштил денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко, јави агенцијата Интерфакс. Барањето за дозвола се подготвува. Први би требало да бидат вакцинирани лекарите и учителите. „Во октомври планираме широко вакцинирање“, рекол Мурашко. Информација за ова има и агенцијата РИА.

Повеќе:

СЗО очекува вакцина за коронавирусот на почетокот на 2021

Забрзува трката по вакцина против коронавирус

Бразил – лабораторија за тестирање вакцини против коронавирус

Во светот во моментов трескавично се работи на повеќе од сто можни супстанции за вакцинирање, меѓу другото и во Германија. Според наводи на Светската здравствена организација, најмалку четири од нив се во завршна фаза, односно се тестираат врз луѓе - три во Кина и една во Велика Британија.

Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на инсајдерски информации, дознава дека руските власти сакаат да дадат дозвола за првата вакцина веќе во август.

Темпото со кое Русија сака да извади вакцина на пазарот во светот го отвори прашањето дали Москва го става престижот над науката и сигурноста. Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи изрази сомневања во врска со безбедноста на вакцините кои се развиваат во Кина  Русија. „Се надевам дека Кинезите и Русите навистина ја тестираат вакцината пред да ја дадат на некого“, изјави Фаучи во петокот на сослушување во Конгресот.

Русија, по САД, Бразил и Индија, има најголем број инфицирани со коронавирус. Во последните 24 часа тој се зголеми за 5462 новоинфицирани и сега изнесува 845.443. Бројот на починати е над 14 илјади лица.

Вакцина за коронавирусот се тестира и во Африка

01:09

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми