1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија сака да си ги прибере студентите од Запад

Миодраг Шориќ
20 април 2018

Најновите тензии во односите со Запад, за Русија се прилика повторно да се обиде да врати во „мајчичката татковина“ илјадници свои државјани заминати во странство. Но,малку е веројатно дека ќе има многу такви повратници.

Universität Oxford Campus des Keble College
Оксфорд ги уверува руските студенти дека се добредојдениФотографија: Imago/J. Tack

„Вратете се назад во Русија!“ Тоа е пораката упатена од руската владина агенција Росотрудничество до граѓаните на Русија кои живеат во странство, а станува збор за десетици илјади нејзини државјани на Запад. Повикот првенствено е упатен кон оние кои студираат во Велика Британија, САД и „други ненаклонети држави“. Да прекинат да студираат таму и да ги продолжат студиите во Русија.

Росотрудничество гарантира и целосна соработка и помош од руските универзитети. Тоа го потврдува и Генри Сардариан, декан на Фаултетот за управа и политика на московскиот елитен универзитет МГИМО: и неговиот и сите други факултети ќе ги признаат положените испити во странство во случај студиите да бидат продолжени во татковината. Росотрудничество предупредува на растечката „русофобија“ и антируско расположение во Европа, на можни непријатности за руските државјани.

Повеќе: 

Гудбај Америка: Москва со нови контрасанкции

Русија стенка под новите американски санкции

Според податоците на тамошното Министерство за образование, уште во 2014. година имало околу 60.000 руски граѓани кои студирале некаде во странство. Оттогаш имотната состојба на Русите, мерена во „цврста валута“, стана навистина значително полоша, но може да се претпостави дека тоа е токму причината поради која заминале да студираат некаде на друго место, па сега можеби ги има и многу повеќе.

Универзитетот Оксфорд со посебно обраќање до руските студенти - не се менува ништо во нивниот престојФотографија: ORA

Без оглед на предупредувањата од оваа руска владина агенција за противруско расположение, амбасадата на Велика Британија дури и по скандалот со поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и протерувањето руски дипломати од цела низа западни земји, објави дека граѓаните на Русија се „добредојдени во Велика Британија“, било на одмор, од деловни причини или за да студираат тука. И Универзитетот Оксфорд им се обрати на сите свои студенти од Русија, уверувајќи ги дека и покрај дипломатските напнатости, британскиот образовен систем е отворен за студентите од Русија и ништо не е променето и нема да се промени во условите за нивен престој.

И Русија ја мачи „одлив на мозоци“

Не е првпат Кремљ да се обидува да го запре процесот на „бреин дреин“ од земјата. Ако во свреме на Советскиот Сојуз причините за заминување беа првенс твено политички, во Русија појавата на заминување стана уште помасовна и претставува сериозен проблем и за тамошната економија и наука. Колку интелектуалци и високообразовани Руси ја напуштиле татковината, тешко е да се каже, според некои проценки, само од исчезнувањето на Советскиот Сојуз, ги има околу еден милион.

Не е така одамна кога и Виктор Калинушкин од руската Академија на науки констатираше дека во производите на Мајкрософт, барем 30 проценти од програмите се заслуга на програмери чиј мајчин јазик е рускиот. Официјална Русија во последните петнаесетина години секогаш одново покренуваше иницијативи и нудеше поддршка за образованите Руси кои би се вратиле во „мајчичката татковина“. Но, овојпат се потегнуваат и „политички причини за прекинот на престој на Запад. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми