1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија се заканува со блокада на Твитер

ЖА / агенции
10 март 2021

Русија воведува рестрикции за Твитер со тоа што ќе ја забави брзината на социјалната мрежа, заканувајќи се со нејзина целосна блокада.

Symbolbild - Twitter Logo auf Handydisplay
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Rourke

Руската федерална агенција за надзор на електронските медиуми и комуникации, Роскомнадзор денеска во Москва ја образложи мерката со неконсекветното отстранување на забранети содржини од Твитер. И покрај бројните барања упатени до социјалната мрежа, од 2017 година Твитер не избришал преку 3100 постови, кои меѓу другото содржеле детска порнографија или повици за самоубиство на малолетници.

Заради „заштита на руските граѓани“, пристапот од сите мобилни апарати и од половината стационирани апарати ќе биде со намалена брзина, мерка која стапува веднаш во сила. Засегнати се фотографски и видео содржини, но не и текстовни пораки, изјави заменикот шеф на Роскомнадзор, Вадим Суботин, за наскоро потоа преку државната телевизија да му се закани на Твитер со натамошни ограничувања сѐ до комплетна блокада доколку американскиот концерн и натаму ги крши законите.

Наскоро потоа, од првично необјасниви причини, околу 45 минути не беа достапни интернет страниците на Роскомнадзор, како и на Кремљ, Думата и владата. Подоцна е соопштено за веројатна техничка грешка.

Од пред неколку недели во Русија стапи во сила закон кој ги обврзува социјалните мрежи да ги пронајдуваат и бришат забранетите информации. Покрај порнографски материјал, тука спаѓаат и повици за неодобрени протести. Руските власти веќе преземаат мерки против социјалните мрежи, зашто преку нив се шират повици за демонстрации во знак на поддршка на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални. Против Фејсбук, Твитер и Јутјуб се изречени парични казни. Активистите за човекови права ги критикуваат обидите за ограничување на слободата на мислење на социјалните мрежи, во Русија веќе се блокирани стотици интернет страници, меѓу кои и на владини критичари и противници.

Светските ѕвезди ги замрзнуваат профилите на социјалните мрежи

01:29

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми