1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Русија ја прославува победата над Хитлерова Германија

СН/ агенции
9 мај 2019

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ја повика денеска меѓународната заедница на создавање на единствен механизам за безбедност во борбата против тероризмот, неонацизмот и екстремизмот.

Russland Militärparade
Фотографија: Getty Images/A. Nemenov

Во говорот на воената парада на Црвениот плоштад во Москва, по повод 9-ти мај, Денот на победата, Путин истакна дека Русија е подготвена за соработка со сите кои вистински се подготвени за борба против овие закани. Рускиот претседател порача дека Русија го прави и ќе го прави она што е неопходно за да обезбеди висока борбена способност на своите оружени сили и одбранбени потенцијали на највисоко ниво. Рускиот претседател критикуваше низа држави кои ги помагале нацистите дека во денешно време намерно ги извртуваат историските факти.

Повеќе:

Русија ја демонстрираше воената сила

-9. Мај: Путин повика на меѓународно обединување

Еден ден по германскиот спомен ден за крајот на Втората светска војна, Русија денеска ја слави 74-годишнината од победата на Советскиот сојуз против нацистичка Германија.

Фотографија: Getty Images/A. Nemenov

Кулминација на прославата е воената парада на Црвениот плоштад, на која учествуваат 13 илјади војници следени од стотици тенкови, ракетни носачи и авиони и хеликоптери. И во други руски градови се планирани прослави и воени паради. 9-ти мај е најважниот државен празник во земјата. Тој традиционално завршува навечер со огномет.

Годинешната парада важи како еден вид генерална проба пред 75-годишниот јубилеј кој ќе се прославува наредната година во уште поголеми размери. Русија го прославува крајот на Втората светска војна еден ден подоцна од Западот, бидејќи во 1945 година германската капитулација пред советските трупи се случи во ноќта од 8. кон 9. мај, кога во Москва веќе беше помината полноќ. Советскиот сојуз даде 27 милиони животи во борбата против фашизмот и со тоа имаше далеку најголем број на жртви.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми