1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Руската армија се повлече од Змискиот остров

ЕМФ / дв | агенции
30 јуни 2022

Руската армија, според сопствени наводи, се повлекла од стратешки важниот украински Змиски остров во Црното Море.

Ukraine | Schlangeninsel (Zmiinyi Island, Snake Island)
Фотографија: 2022 Maxar Technologies via AP/picture alliance

Руските војници стационирани на црноморскиот Змиски остров биле повлечени како „гест на добра волја“, изјави денеска (30.06) во Москва портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков. Овој потег треба да ѝ овозможи на Украина извоз на жито.

Повлекувањето има за цел да му покаже на светот дека „Русија не ги попречува напорите на Обединетите нации да организираат хуманитарен коридор за извоз на земјоделски производи од Украина“, рече Конашенков. „Оваа одлука веќе нема да му дозволува на Киев да шпекулира околу претстојна криза со храна и да вели дека е невозможно да се извезува жито бидејќи Русија има целосна контрола врз северозападниот дел на Црното Море“, додаде портпаролот на руското Министерство за одбрана.

Змискиот остров, кој се наоѓа во близина на украинскиот и романскиот брег на Црното Море, беше освоен од страна на руската армија на почетокот на нејзината офанзива, во февруари годинава. Украинската армија во текот на изминатите недели редовно ги гаѓаше руските војници на островот со дронови и ракети. На 21 јуни Русија тврдеше дека бил одбиен „луд“ обид на украинската армија за повторно освојување на Змискиот остров.

Змискиот остров е карпа со површина колку дваесетина фудбалски игралиштаФотографија: AndreyxNekrasov/imagebroker/IMAGO

Стратешки важен остров

Колку и да изгледа неугледно на прв поглед, овој гол остров е од големо стратешко значење за двете завојувани страни. Од една страна, во Црното Море има само неколку острови, од друга - Змискиот остров, кој е на околу 200 километри јужно од Одеса, нуди можност да се контролира целиот поморски сообраќај во близина на најголемиот пристанишен град во Украина. Со долгорочна окупација на островот, Русија би можела да го блокира речиси целиот извоз на стоки преку пристаништето Одеса.

Змискиот остров отсекогаш имал стратешко значење. Тој беше воена база и во советско време. Островот има хелиодром и две платформи, каде што можат да се закотват и големи воени бродови. Се вели дека таму има и складишта за муниција и гориво, радарски системи и ракетни позиции. Сепак, оваа информација не може да биде независно проверена, бидејќи островот со децении беше забранета воена област недостапна за јавноста и тоа долго време пред да избие сегашната војна во Украина.

Притоа, Змискиот остров до 1948 ѝ припаѓал на Романија, а потоа му бил подарен на големиот брат СССР. Оттогаш околу него спор водат Романија и Советскиот Сојуз, па потоа Романија и Украина. Се претпоставува дека во овие води има важни ресурси. Во 2007 Украина постави темели за населбата Биле на дотогаш ненаселениот остров за да ги поткрепи своите територијални права. Тоа што островот на 24 февруари 2022., покрај Донбас и Киев, беше меѓу првите цели на напади од страна на руската армија, уште еднаш го потцртува неговото стратешко значење.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми