1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Руската економија стагнира поради санкциите

Бетина Тома-Шаде/бг1 февруари 2016

Цената на прехранбените производи во Русија расте поради санкции. Иако економијата стагнира, санкциите сепак им даваат шанса на локалните земјоделци да се пробијат на пазарот.

Фотографија: DW/P. Anft

Во Русија месото е далеку поскапо од порано- како и многу други прехранбени производи. Минатата година, цената на храната порасна за 14 проценти. Но некои Руси не се обесхрабрени.

„Мислам дека наскоро ќе биде подобро, земјата преживеала и потешки времиња“, вели еден граѓанин.

Целото видео погледнете го тука:

Руската економија во проблеми поради санкциите

01:41

This browser does not support the video element.

Но експертите не се толку оптимистични. Тие велат дека сѐ повеќе луѓе купуваат само основни производи, и тоа ја намалува потрошувачката.

„Покрај фактот што луѓето заработуваат помалку, се бележи и промена во потрошувачката кошничка, која сега е сведена само на основни производи. Истото важи и за облеката. Луѓето се ориентираат кон ефтини производи“, објаснува Владимир Пантјушин, аналитичар во Сбербан инвестмент.

И покрај тешките времиња, сепак има и добитници. Санкциите за увоз на храна од САД и ЕУ како и падот на вредноста на рубљата го прави увозот поскап. Тоа им дава предност на домашните фармери како Олга Друганина.

„Благодарение на санкциите нашата продажба расте. Има голема побарувачка од малите продавници, од големите трговци но и од луѓе кои сакаат здрава храна“, вели Друганина.

Нејзината фарма расте. Но доколку руската економија продолжи да тоне, успешните приказни како оваа ќе стануваат се поретки.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми