1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Руската тајна служба добива целосна интернет-контрола?

ЕМФ/дв/афп21 октомври 2013

Тајната служба ФСБ, според московскиот весник „Комерсант“, добива широк пристап до телефонските и интернет-врските во Русија. Се преудпредува дека веќе на ЗОИ во Сочи ќе се стават под лупа спортистите и посетителите.

Фотографија: Fotolia/Gina Sanders

ФСБ од 1 јули 2014 година ќе може да ги контролира сите ИП-адреси и телефонски броеви, како и имејл адреси, а ќе може да надгледува и податоци од социјалните мрежи, телефонирањето преку интернет и од чет-разговорите, пишува „Комерсант“. Понудувачите на телекомуникациски услуги намерата ја критикуваат како кршење на уставот. Во парламентот, освен тоа, има и предлог закон кој дозволува ФСБ во потрагата по организатори на сајбер напади и терористички и екстремистички групи, да смее да ги користи социјалните мрежи.

Централата на руската тајна службаФотографија: picture-alliance/dpa

Експертите предупредуваат дека безбедносните служби ќе ги надгледуваат без знаење на провајдерите телефонските и интернет врските уште во текот на Зимските олимписки игри во Сочи, во февруари 2014 година. Според рускиот експерт, Андреј Солдатов, властите со помош на системот познат под кратенката СОРМ, ќе може да ги надгледуваат спортистите и посетителите. Системот СОРМ беше првично развиен од страна на советската тајна служба КГБ во 1980-тите. Во последно време тој беше модернизиран, со цел, меѓу другото, да се шпионираат руските опозиционери.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми