1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рускиот конвој на пат кон дома

АТ/ дпа/афп/ртр/ ард23 август 2014

Конвојот со помош од Москва за источна Украина стигна до целта и сега се враќа назад. Но, спорот за помошта ни од далеку не е завршен и предизвикува загриженост во меѓународни рамки. СБ на ОН е поделен по ова прашање.

Фотографија: Reuters

Првите камиони од рускиот конвој помош очигледно ја напуштија Украина. Според агенцијата Ројтерс, пет возила ја минале границата кај Доњецк. Конвојот се состои од 280 камиони. Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ на границата, Пол Пикард, ја потврди оваа информација.

Навлегувањето на рускиот конвој со помош без одобрување на Киев предизвика неразбирање и реакции во меѓународната заедница.

Нема согласност во Советот за безбедност на ОН

Членовите на највисокото тело на ОН на итна седница не успеаја да постигнат согласност за заедничка реакција за едностраните постапки на Русија. На итната вонредна седница на Советот за безбедност на ОН повеќе држави ја повикаа Москва да ги врати камионите, бидејќи нелегално влегле во земјата. Русија, од своја страна, нагласи дека станува збор за хуманитарна помош. Кај некои членки имало „голема загриженост“ дека конвојот би можел уште повеќе да ја заостри нестабилната ситуација, предупреди амбасадорот на Велика Британија во ОН Марк Лиал Грант, овој месец претседател на Советот.

Неговиот руски колега Витали Чуркин оцени дека дискусијата во Советот за безбедност го потсетувала на огледало што дава изобличена слика. Некои држави ја извртуваат интенцијата на Русија, вели тој. На новинарско прашање пред седницата на ОН - дали конвојот ги поддржувал и проруските милиции, Чуркин со потсмев одговори: „Со бебешка храна?“

Претходно, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун оцени дека секој едностран чекор крие опасност за натамошна ескалација.

Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен рече дека преминувањето на границата без согласност на Киев е „еклатантно кршење на руските ветувања пред меѓународната заедница“ и повторно го повредува украинскиот суверенитет.

Портпарол на високата претставничка на европската безбедносна и надворешна политика Кетрин Ештон рече дека со „јасното повредување на украинската граница“ Русија сноси вина и оваа одлука мора да биде ревидирана.

Меркел патува за Киев

Непосредно пред посетата на Украина, германската канцеларка Ангела Меркел разговараше со американскиoт претседател Барак Обама за состојбата во Украина. Двајцата изразиле неразбирање за одлуката на руската влада конвојот помош да навлезе во Украина без согласност на Киев и без придружба од Меѓународниот комитет на Црвениот крст и да се упати кон Луганск, соопшти портпаролот на владата во Берлин, Штефен Зајберт. Меркел во разговорот потврдила дека конфликтот само политички може да биде решен и дека колку што е можно посокоро би морало да биде постигнат прекин на огнот.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Според Белата куќа, Обама и Меркел оцениле дека навлегувањето на конвојот на украинска територија без одобрување е уште една провокација на Москва, која го повредува суверенитетот на Украина.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми