1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рускиот масакр во Виницја остави најмалку 23 мртви

БГ /АП
15 јули 2022

Во рускиот ракетен напад врз град во централна Украина во четвртокот загинаа најмалку 23 лица, а повеќе од 100 се повредени. Зеленски бара Русија да биде прогласена за земја спонзор на тероризам

Ukraine Krieg Angriff auf Winnyzja
Фотографија: State Emergency Service of Ukraine/REUTERS

Украинските власти велат дека крстосувачки ракети од типот „Калибр“ лансирани од руска воена подморница во Црното море предизвикала голема штета врз клиника, продавници и станбени објекти во Винициа, град оддалечен 268 километри југозападно од главниот град Киев. Локалниот гувернер соопшти дека противвоздушната одбрана урнала две од вкупно четири руски ракети кои го погодиле градот.

Шефот на полицијата соопшти дека се идентификувани само шест тела на жртвите, додека 39 лица се сметаат за исчезнати. Три деца помали од 10 години се меѓу загинатите.

„Тоа беше зграда на медицинската организација. Кога погоди првата ракета, стаклото падна од прозорците. Кога дојде вториот напад, беше толку заглушувачки што ушите се уште ми ѕвонат. Ја откорна целата надворешна врата“, вели 74-годишната жителка на Винициа, Свитлана Кубас. 

Уништени возила по рускиот ракетен напад во ВиницјаФотографија: State Emergency Service of Ukraine/REUTERS

Повеќе од 36 станбени згради се оштетени а нивните жители евакуирани. Ракетите предизвикале и пожар во кој се оштетени преку 50 автомобили на паркинг.

Терористичка закана 

Русија демантираше дека напаѓала цивилни цели.

„Русија напаѓа само воени цели во Украина. Нападот во Винициа беше насочен кон офицерска зграда каде украинските сили се подготвувале“, изјави шефот на постојаната мисија на Русија во ОН, Евгени Варганов. Меѓу погодените објекти е и Офицерскиот дом, концертна сала од советско време. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повтори апелите Русија да биде прогласена за земја спонзор на тероризам. Нападот се случи во момент кога владини претставници од 40 држави се среќаваат во Хаг, Холандија на координација за истражување и процесуирање на потенцијалните воени злосторства во Украина.  

Спасувачките служби се уште трагаат по преживеани во оштетените зградиФотографија: Valentyn Ogirenko/REUTERS

„Ниту една друг земја во светот не претставува таква терористичка закана како Русија. Ниту една друга земја во светот не си дозволува секој ден да користи крстосувачки ракети и ракетна артилерија за да уништува градови и да убива цивили“, рече Зеленски во ноќното обраќање до граѓаните. 

Винициа е еден од најголемите украински градови, со предвоено население од 370 илјади луѓе. Илјадници бегалци од источна Украина, каде се водат најтешките битки, побараа прибежиште во овој град кој е далеку од фронтот.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми