1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ ги усвои санкциите за Русија

БГ /дпа
2 јуни 2022

ЕУ конечно ги усвои санкциите против Русија, но дури откако по барање на Унгарија од листата беше тргнат поглаварот на Руската православна црква, Кирил.

Russland | Präsident Putin und Patriarch Kirill
Рускиот претседател Владимир Путин и поглаварот на РПЦ, КирилФотографија: Mikhail Metzel/Sputnik/Kremlin Pool Photo/AP/picture alliance

Шестиот пакет санкции против Русија на ЕУ конечно може да влезе во сила, откако е тргната и последната пречка на тој пат. Унгарија во средата повторно ги блокираше ЕУ-санкциите против Русија поради агресијата врз Украина и покрај тоа што во понеделникот беше постигнат прелиминарен договор на самитот на 27-те земји членки. 

Европската комисија предложи на листата на санкционирани поединци да се најде и поглаварот на Руската православна црква (РПЦ), Кирил. Тој се смета за поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин, и досега отворено ја поддржуваше агресијата во своите проповеди, притоа за војната обвинувајќи ги НАТО и Западот. Кирил ги блокираше и напорите на Папата Франциско да посредува во конфликтот. 

Унгарија имаше забелешки на вклучувањето на рускиот поглавар уште откако неговото име се најде на листата на ЕК на почетокот на мај, но лидерите на ЕУ не разговараа за тоа прашање за време на самитот на кој присуствуваше и унгарскиот премиер Виктор Орбан. Во четвртокот, дипломатите на ЕУ се согласија името на Кирил да се тргне од црната листа на ЕУ.  

Унгарскиот премиер Виктор ОрбанФотографија: KENZO TRIBOUILLARD/AFP/Getty Images

Тоа беше најновата во серијата пречки кои владата во Будимпешта ги постави во однос на шестиот пакет санкции кон Русија. Унгарија жестоко се спротивстави на желбата на Брисел да се ослободи од зависноста од руска нафта, и успеа да издејствува да биде изземена од забраната за увоз на руска нафта. Компромисот предвидува прекин на увозот на руска нафта по морски пат, но Унгарија, Словачка и Чешка ќе можат и понатаму да се снабдуваат преку нафтоводот Дружба.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми