1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Руските трупи имаат тешкотии, подготовки за нова офанзива

ЖА /РТР
25 март 2022

По големите загуби во североисточна Украина, дел од руските трупи се повторно зад границата. На други места продолжуваат нападите. Зеленски до ЕУ – санкциите против Русија стигнаа предоцна за да ја спречат инвазијата

Ukraine | Russischer Panzer in der Region Sumy
Фотографија: Russian Defence Ministry/TASS/IMAGO

Еден месец по инвазијата врз Украина, руската војска очигледно се соочува со сѐ поголеми тешкотии. Украинските војници, според британски информации, успеале да ја повратат контролата врз градови и одбранбени позиции до 35 километри источно од Киев. За тоа придонес има тоа што  руските трупи  дозволиле да бидат потиснати поради проблеми со нивните снабдувачки линии, соопшти британското Министерство за одбрана денеска.  Освен тоа, според сознанијата на САД, Русија има масивни проблеми со своите прецизно наведувани ракети. Високотехнолошкото оружје употребувано во Украина има квота на потфрлување до 60 проценти, изјавиле за агенцијата Ројтерс тројца високи американски владини функционери кои имаат пристап до доверливи информации од тајните служби.

Меѓутоа,  руските напади  продолжуваат. Кај Исјум во областа на Харков руските трупи се спремаат за нова офанзива. Руското Министерство за одбрана, според руски агенциски извештај, соопштило за уништување со ракети на голем склад со гориво во близина на украинскиот главен град  Киев.  Две ракети освен тоа погодиле и една украинска единица во близина на градот Днипро. Регионалниот гувернер изјави дека се настанати „сериозни уништувања“. Во источноукраинскиот град Харков, во кој се водат жестоки борби, според полицијата Русите погодиле болница, при што загинале четири лица. 

Мариупол не се предава

02:27

This browser does not support the video element.

Украинското раководство за денеска се надева на отворање бегалски коридор за опсадениот украински пристанишен град  Мариупол.  Тој би важел за цивилите кои можат да го напуштат градот со приватни возила. Мариупол е најсилно разурнат украински град од руските постојани гранатирања. 

Зеленски ѝ се заблгодари на ЕУ, Брисел најави натамошна помош

Во видео порака украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на шефовите на 27 земји членки на ЕУ за санкциите против Русија. Меѓутоа, поддршката стигна доцна за да го спречи  Путин да ја нападне Украина. „Сега дискутираме за прием на Украина во Европската унија. Ве молам, барем тука да не задоцните“, изјави Зеленски. Тој се надева дека најголемите скептици околу ЕУ-проширувањето – Германија, Франција и Холандија, ќе го сменат својот курс.

ЕУ пак повторно не ѝ даде ветување на Украина за брз прием, туку во заклучокот усвоен ноќеска го истакна „европскиот стремеж и европската одлука на Украина."

На самитот е донесена одлука и за основање меѓунароен фонд за обнова на Украина, за што ќе се одржи и меѓународна донаторска конференција.

ЕУ на Украина ѝ вети непрекинато лиферување на гас и струја отккао земјата ќе биде приклучена на европската електрична мрежа. 

НАТО, Г7 и ЕУ на своите самити вчера во Брисел побараа од Русија итен прекин на борбите во Украина.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми