1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Руски војник во Украина осуден на доживотен затвор

БГ /РТР
23 мај 2022

Украински суд му пресуди доживотна затворска казна на руски војник кој беше обвинет за убиство на невооружен цивил, во првото судење за воено злосторство по почетокот на руската инвазија.

Ukraine I Prozess gegen Vadim Shishimarin
Вадим Шишимарин ја слуша преведувачката за време на судењето во КиевФотографија: Natacha Pisarenko/AP Photo/picture alliance

Вадим Шишимарин, 21-годишен тенковски командант, се изјасни за виновен за убиството на 62-годишниот Олександр Шелипов во селото Чупакивка во североисточна Украина на 28 февруари, четири дена по почетокот на инвазијата. 

Судијата Серхиј Агафонов оцени дека Шишимарин, извршувајќи „злосторничка наредба“ од војник со повисок чин, испукал неколку истрели во главата на жртвата од автоматско оружје.

„Со оглед дека извршеното злосторство е злосторство против мирот, безбедноста, хуманоста и меѓународниот правен поредок... судот не гледа можност за пократка казна“, рече судијата.

Шишимарин тивко го следеше судењето од стаклена кабина во судницата, и не покажа никакви емоции при изрекувањето на пресудата. 

Судењето, кое започна минатата недела, има големо симболичко значење за Украина. Киев ја обвинува Русија за злосторства и бруталност врз цивили во текот на инвазијата и тврди дека досега биле утврдени 10.000 потенцијални случаи на воени злосторства. Русија негира дека намерно напаѓа цивили.

Украинскиот јавен обвинител вели дека Шишимарин и четворица други руски војници украле автомобил откако нивната единица била нападната од украинските сили. Откако пристигнале во Чупакивка, војниците го забележале Шелипов на велосипед како зборува на мобилен телефон. На Шишимарин му било наредено да го застрела Шелипов за да го спречи да ја открие нивната локација.  Во сведочењето минатата недела, Шишимарин ја призна вината и побара прошка од вдовицата на жртвата. 

Буча: Сè повеќе докази за злосторства врз цивилите

01:44

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми