Руски маринци наскоро во Сирија?
18 јуни 2012Информацијата за можна акција во Сирија за заштити на рускиот персонал и дислоцирање опремата од руската морнаричка база во средоземното пристаниште Тартус, ја дал неименуван офицер од морнаричката команда. Министерството за одбрана и морнарицата одбиваат да коментираат. Според информациите што ги пренесе новинската агенција Интерфакс два големи брода за истоварување на единици се подготвуваат да запловат кон Сирија, доколку е потребно и со маринци.
„Бродовите, екипажите и маринците се способни, доколку е потребно, да ги обезбедат руските граѓани и да ја преместат сопственоста од логистичката база во Тарус“, изјавил за агенцијата неименуваниот висок морнарички офицер.
Официјалниот став на Русија е дека ја користи базата во Тартус за потребите на нејзините бродови кои пловат во регионот, вклучувајќи ги и оние кои учествуваат во антипиратските операции во Аденскиот залив каде што соработуваат со НАТО
Сирија наоѓа цврст поддржувач во официјална Москва, купува оружје од Русија вредно милијарди долари и и’ дозволува на земјата да го користи пристаништето.