1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Руски шпиони фатени во Германија

22 октомври 2011

Германските власти уапсиле брачен пар за кој се сомневаат дека веќе 20 години шпионира во корист на руската тајна служба СВР. Агентите се фатени по информации од ФБИ.

Германските власти според пишувањето на „Шпигел“ уапсиле деновиве брачен пар под сомнение дека работи за руската тајна служба, наследничка на КГБ.

Специјалните единици на германската служба за борба против криминалот БКА во сојузната покраина Баден Виртемберг и во Хесен ги уапсиле мажот и жената Андреас и Хедрун А. кои имаат австриски пасоши. Андреас е наводно роден во Аргентина, а Хедрун во Перу. По проверката на податоците, утврдено е дека тие не се точни. Жената е фатена во момент кога преку радио станица примала кодирани пораки. Постои сомневање дека брачниот пар во Германија работи веќе со децениии дека неговата акција започнала уште за време на Советскиот сојуз. Андреас А. во Германија се доселил уште во 1988 година, па се претпоставува дека на почетокот работел за КГБ.

Шпионскиот пар паднал в очи откако американскиот ФБИ минатата година разби шпионски синџир во САД. Задачата на руските шпиони во САД била „инфилтрирање“ во граѓанското и деловно милје. Каква била задачата на уапсените руски агенти во Германија, не е познато. Двајцата негираат поврзаност со руската тајна служба.

Од падот на Берлинскиот ѕид во Германија се откриени повеќе случаи на активни руски шпиони, кои пред се‘ биле вклучени во индустриска шпионажа.

Автор: ЖА/СН/дпа/афп

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми