1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Руски шпион во британската амбасада во Берлин?

СН/агенции
11 август 2021

Германската криминалистичка полиција уапси Британец осомничен дека и доставувал материјали на руската тајна служба. Експлозивното во сето тоа: човекот работел во британската амбасада во Берлин.

Berlin Botschaft Großbritannien Wilhelmstrasse
Фотографија: Markus Schreiber/AP/picture alliance

Германските власти уапсија лице вработено во Амбасадата на Велика Британија во Берлин, под сомнение дека шпионирал за Русија, соопшти германското обвинителство.

Случајот дополнително би можел да внесе тензии во односите меѓу Берлин, Лондон и Москва. 

Британскиот државјанин, идентификуван како Дејвид С., е осомничен дека барем еднаш „испратил документ кој го добил за време на извршувањето на своите должности во амбасадата на претставник на руските разузнувачки служби“, се наведува во соопштението.

Повеќе:

-Шпионажа: Германец на Русија ѝ предал скици од Бундестагот

-Поранешните шпиони не водат „гламурозен живот“

-Русин осомничен за шпионажа уапсен во Норвешка

Тој „во замена за преносот на информации добил неодреден паричен износ“.

Не е соопштено кое било конкретното работно место на уапсениот Британец во амбасадата.

Џонсон: имаме докази за руската улога во нападот врз Скрипал

14:44

This browser does not support the video element.

Британците го потврдија апсењето
Надлежното британско министерство за внатрешни работи го потврди апсењето на „лице кое работело за владата како локален соработник“.  Министерството не даде дополнителни информации.

„Не би било соодветно да се коментира натаму, бидејќи полициската истрага е во тек“,  беше порачано од Лондон. Британската полиција соопшти дека  станува збор за 57-годишен маж.
Припадници на германската сојузна служба за борба против криминалот го уапсиле осомничениот Британец денеска во градот Потсдам, соопшти сојузното обвинителство. Освен тоа, извршен е претрес во домот и на  работното место на мажот. Обвинителството нагласи оти апсењето е резултат на соработка со британските власти. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми