1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Руско тактизирање со статусот на Косово

30 април 2007

Денешниот германски печат му посветува внимание и на проблемот околу статусот на Косово, како еден од елементите во најновото заладување на односите меѓу САД и Русија. Повод е посетата на делегацијата на Советот за безбедност на ОН што заврши на викендот.

Германски војник на Косово
Германски војник на КосовоФотографија: picture-alliance/ dpa

Во денешен “Франкфуртер алгемајне“ читаме:

“Патувањето на Советот за безбедност на Косово го донесе она што и се очекуваше. Западните заговорници на независност на покраината по патувањето сметаат дека добиле аргументи за новниот став. Русија исто така смета дека се потврдило нејзиното мислење дека на Косово треба да се засржи сегашниот статус кво. Русија најави дека по потреба ќе вложи вето на одлуката на Советот за безбедност за независност на Косово согласно планот на Марти Ахтисари. Но, Русија не учествува во меѓународната мисија за покраината, ни воено, ни политички, ниту пак стопански. Политиката на Путин води кон тоа да се држи затворен вентилот на косовскиот “експрес-лонец“. Не е ни чудо кога се знае дека не Кремљ, туку токму Западот и особено Европа се сметаат за одговорни по ова прашање. Таквиот став е неодговорен, но Европејците нема да дозволат да ги изблокира Москва во подрачје, чија (далечна) иднина се наоѓа во рамките на ЕУ.“

“Дрезднер нојесте нахрихтен“ го поврзува косовскиот проблем со друг акутен спор, имено оној околу споменикот за советските војници во Естонскиот главен град, Талин.

“Тоа што насилничките хорди естонски граѓани од руско потекло го опустошија центарот на градот нема никаква врска со некаква интерпретација на историјата. Тие се инструментализирани, исто така како и младинската организација од Русија, што му е блиска на официјален Кремљ, која се закани со одмазда за уривањето на споменикот на руските војници. И повикот на бојкот на естонски стоки во Русија добро се вклопува во курсот на конфронтација со Западот. Тука се и најавата за откажување од Договорот за конвенционални сили, отпорот кон американскиот анит ракетен штит и спорот околу статусот на Косово.

Станува збор за тренд исполнет со конфликтен потнцијал, што во секој случај не и‘ е од интерес на Европа. Германската канцеларка Ангела Меркел сега се наоѓа во позиција на посакуван посредник меѓу Москва и Талин.“

На заладените односи меѓу Русија и Западот се осврнува и “Ноје цирихер цајтунг“.

“Повеќе не станува збор за практична политика, туку за класична борба на моќ. Русија се опорави од колапсот на политички и економски план во 1991-та и сега сака повторно да стане фактор во светската политика. За САД тоа не е позитивен развој на настаните, бидејќи се надеваа на поддршка на Москва кога е во прашање конфликтот со Трехеран околу атомската бомба и решавањето на Косовоското прашање.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми