1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Руско-украинска чоколадна војна

М. Аден / Е.М.Фиданоска25 мај 2014

Минатото лето Русија забрани увоз на украински кондиторски производи. Оттогаш претпријатието „Рошен“ на олигархот Пeтрo Пoрoшенко - страда. Сега тој е главен фаворит за победа на претседателските избори во Украина.

Чоколадните бонбони со лешник се‘ уште се произведуваат, но фабриката за кондиторски производи во Липецк, централна Русија, е во криза. Таа му припаѓа на украинскиот концерн Рошен, кому Русија пред една година му воведе забрана за увоз.

Директорот Олег Казаков се жали дека оттогаш претпријатието во Липецк се‘ почесто е соочено со фабрикувани тужби и високи парични казни. Тој е убеден: зад сето ова се крие голем руски конкурент.

„Нашите конкуренти сега задаваат удар, затоа што тензичната ситуација околу Рошен и Украина им оди на рака. Ако се‘ беше мирно, немаше да се осмелат на толкава дрскост“, убеден е Казаков.

„Рошен“ трпи загуби

Големиот магацин има централно место во фабриката. Овде порано се складираа и чоколадите произведени во Украина, кои беа наменети за рускиот пазар. Русија оцени дека тие биле отровни и го забрани увозот.

Откако еден руски суд ги замрзна банкарските сметки на Рошен во Липецк, замре и изградбата на новата фабричка хала. Казаков објаснува:

„Нашиот промет се преполови откако ни е забрането да носиме чоколада од Украина. Уште повеќе пари губиме поради тоа што доларските сметки ни се блокирани, така што не можеме да извезуваме во земјите членки на Заедницата на независни држави.“

Дел од производството е запрено, многумина од околу 3000 работници одамна работат со скратено работно време. Се’ додека траат тензиите меѓу Русија и Украина, речиси никој не се надева на подобри времиња.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми