1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Руско ѕвечкање со оружје на Балканот

Самир Хусеиновиќ/ А. Трајковска19 ноември 2014

Руско-српската воена вежба „Срем 2014“ претставува демонстрација на воена моќ на Русија и потврда дека земјата не само економски и политички, туку и воено може да интервенира на Балканот, сметаат аналитичари од регионот.

Фотографија: Beta

На заедничката руско-српска воена вежба во Срем, во Босна и Херцеговина и во Хрватска се гледа како на демонстрација на руска воена моќ, но и политичко влијание на Русија во тој дел на Европа. Со оглед на тоа што вежбата организирана во екот на украинската криза и затегнати европско-руски односи, аналитичарите тврдат дека Русија на западните сојузници сака да им покаже дека може да интервенира и во други делови на европскиот континент и дека на Балканот има доверливи сојузници кои ја поддржуваат нејзината експанзионистичка политика.

„Европа и Соединетите американски држави дваесет години ги толерираат руските сојузници на Балканот кои го кочат напредокот на БиХ кон евроатлантските системи. На земјата, чии раце се врзани со 'дејтонската лудачка кошула', со години и се условува патот кон ЕУ и НАТО, додека истовремено премолчно се преминува преку отворени напади на нејзиниот суверенитет и интегритет. Еден од руските сојузници на Балканот, како што и самиот се декларира, претседателот на Република Српска Милорад Додик ја предводи таа политика која со раширени раце би ја дочекала руската војска во БиХ“, вели сараевскиот воено-политички аначлитичар Неџад Ахатовиќ.

Коментирајќи ја за Дојче веле руско-српската воена вежба Ахатовиќ истакнува дека руската експанзионистичка политика на Западниот Балкан е очекувана, со оглед на „вековното руско тежнеење да излезе на 'топло море'“. Пасивниот однос на Европа кон регионот, посебно БиХ, и оди во прилог на таквата руска политика, истакнува соговорникот на ДВ. Сепак, руската експанзија во тој дел на Европа, не е можна ако во регионот се присутни НАТО и европските сили (Еуфор) и затоа, потсетува Ахатовиќ, Русија во Советот за безбедност на ОН се спротистави на продолжување на мандатот на Еуфор во БиХ.

Будење на воените спомени

„Воопшто не сум изненаден со фактот дека заедничките воени маневри на Русија и Србија по својот обем се најголемото руско воено ангажирање од тој тип во Европа уште по распадот на Варшавскиот пакт. Таа вежба е демонстрација на воената сила, српско-руско сојузништво или 'братска љубов', но и силна политичка порака за Европа, на Американците и регионот дека Русија не само политички и економски, туку и воено може да интервенира на Балканот. Таков ангажман, покрај веќе заборавените стравувања од студената војна, буди и сеќавања на војната, барем кога се во прашање БиХ и Сараево, на руските доброволци кои од околните брда со снајпери ги тероризираа цивилите во текот на војната“, вели Ахатовиќ.

Српски и руски генерали ја следат воената вежба организирана на само педесетина километри од границата на НАТОФотографија: Beta

Во соседна Хрватска поопуштено се гледа на српско-руското „ѕвечкање со оружје“, иако аналитичарите во оваа земја забележуваат дека воените маневри се оргнизирани многу блиску до хрватска територија, на околу педесетина километри од границата. Аналитичарите меѓутоа, потсетуваат дека геополитичките околности драматично се менуваат идека не треба да се потцени рускито економско и воено-политичко влијание на Балканот.

„Претставите на Шешељ за Белград, истовремено со манифестациите на српско-руското пријателство, од воените вежби практично на граница со Хрватска па до посетата на великодостојникот на Руската државна православна црква на Србија, сѐ уште не предизвикаа такво стравување во Хрватска, какво што Русија со демонстрација на воена сила предизвика во Балтичките републики, но сега по првпат во Хрватска е очигледно колку е значајно членството на земјата во ЕУ и НАТО“, вели за ДВ аналитичарот Давор Ѓенеро од Загреб.

БиХ е во најтешка положба

Ѓенеро истакнува дека се во право оние кои сметаат дека експанзионистичкиот проект на Путин ја искористува енергетската и економската надмоќ во однос на некои држави, вклучувајќи ги „постјугословенските“, за Русија да ги доведе во подредена положба и да ги вклучи во свое сојузништво.

Во најтешка положба е БиХ, која елемент од прорускиот тројански коњ има вградено во својот конституционален систем, бидејќи Русите веќе долго во Бањалука се однесуваат како да се во држава која нема врска со БиХ и која е во нивната сфера на интереси. Хрватска пропушта да ја одигра својата улога на промотер на заедничката европска надворешна, безбедносна но и енергетска политика, и не работи доволно на поддршка за БиХ, но и Србија да пружат отпор за актуелнот руски енергетски притисок“, вели Ѓенеро.

Патријархот Кирил во посета на СрбијаФотографија: picture-alliance/dpa/Sergey Pyatakov

Руската политика на Балканот ги возбуди и европските лидери. Хрватската министерка за надворешни работи и европски интеграции Весна Пусиќ ја загрижи неодамнешното руско барање од резолуцијата на Советот за безбедност за БиХ да се исфрли реченицата во која се споменуваат евроатлантските интеграции. Аналитичари тврдат дека Русија не можела да испрати појасна порака за своите намери во тој дел на Европа. Неџад Ахатовиќ вели дека „смирувачки делува пораката на германската канцеларка Ангела Меркел дека Европа нема да ја прашува Русија за Запаен Балкан“. Тој меѓутоа додава дека западните сојузници приврзаноста кон балканскиот регион мораат да ја потврдат и со конкретни дела. Пред тоа да го стори Русија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми