1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Садик Кан- новиот прв човек на Лондон

ТШ/КГ/сн7 мај 2016

Садик Кан е новиот градоначалник на британската престолнина и со тоа прв муслиман на таа функција. Според изорната комисија тој добил 300 илјади гласови повеќе од конзервативниот ривал Зек Голдсмит.

Фотографија: picture-alliance/ZUMAPRESS

Промена на власта во британската престолнина: Садик Кан е нов градоначалник на Лондон.. По објавувањето на официјалните резултати, политичарот од Лабуристичката партија стана првиот муслимански градоначалник на британската и воопшто на една европска престолнина. како што соопшти изборната комисија, кан освоил 300 илјади гласови повеќе од неговиот ривал од Конзервативната партија Зек Голдсмит, милтимилионер од богато семејство на инвеститори. Според конечните резултати, кан освоил 1,31 милион гласови, а Голдсмит 995 илјади.

Кан се заблагодари на поддршката на Лондончани и изјави: „Лондон гласаше за надеж и против стравот, за единство и против поделба.“ Тој истакна дека се гордее со тоа и вети дека ќе биде „градоначалник на сите граѓани на Лондон“. 45-годишниот Садик Кан#сега е наследник на популарниот Борис Џонсон, кој осум години беше градоначалник на Лондон и води кампања за излегување на Велика Британија од ЕУ. кан е за останување на Обединетото Кралство во Унијата. Британците за ова прашање одлучуваа на референдумот на 23 јуни.

Класична биографија на некој кој почнува од нула

Фотографија: Getty Images/M. Turner

Кан е роден во 1970 година, како син на возач на автобус, мигрант од Пакистан. Заедно со седум браќа и сестри Кан израсна во стан за посиромашните граѓани на Лондон. По студиите по право, тој три години работел како адвокат за една британска организација за заштита на човековите права. Потоа се насочил кон локалната политика. Во 2005 година влегува во британскиот парламент како пратеник од неговиот изборен округ Тутинг во Лондон. Три години подоцна стана државен секретар во министерството за локална самоуправа а потоа и државен секретар во министерството за сообраќај - и со тоа беше првиот воопшто муслимански член на британската влада. Покрај тоа во 2010 тој со искуството како правник и адвокат за прашања на човековите права беше назначен за министер за правда во владата во сенка на Лабуристите.

Честитки од другите метрополи

Лидерот на лабуристите Џереми Корбин му честита на Кан преку Твитер уште пред објавување ма конечните резултати.

Честитки пристигнаа и од другите светски метрополи. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио истакна дека Кан посебно сака да се погрижи за пристапен станбен простор. Де Блаѕио се радува на претстојната соработка со Кан.

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго изјави дека граѓаните на Лондон ќе профитираат од хуманоста и напредноста на Кан. Честитки пристигнаа дури и од политичките противници. Британскиот министер за економија од редовите на владејачката Конзервативна партија Саџид Џавид, кој исто како и Кан има пакистанско потекло на Твитер напиша: „Син на пакистански возач на автобус до човекот кој е син на пакистански возач: Честитам!“


Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми