1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД бараат соработка од Пакистан

3 декември 2008

Американскиот државен секретар, Кондолиза Рајс од Њу Делхи го повика Исламабад да соработува во расчистувањето на терористичките напади во Мумбај.

Кондолиза РајсФотографија: picture-alliance/ dpa

Една недела по терористичките напади во Мумбај, поранешен Бомбај, американскиот државен секретар, Кондолиза Рајс пристигна во Њу Делхи во обид да ги смири тензиите во регионот. Таа го повика Исламабад да соработува во пронаоѓањето на одговорните за нападите, кои ги загрозија односите помеѓу Пакистан и Индија. Рајс ги повика пакистанските власти да делуваат брзо и решително и да се погрижат организаторите на нападите да бидат изведени пред лицето на правдата. Рајс во Њу Делхи нагласи дека е потребно да се биде сигурен дека Исламабад прави се` за прибирање на информациите кои би спречиле натамошни напади. „Сега е време сите да соработуваат и да работат транспарентно, а посебно Пакистан“ изјави Рајс, која утре заминува на разговори во Исламабад.

Се уште не се знае кој стои зад нападите во Мумбај.Фотографија: AP

Пакистан ќе преземе акција

Пакистанскиот Претседател, Асиф Али Зардари денеска повторно нагласи дека владата во Исламабад не е одговорна за нападите во Бомбај. Пакистан според него и самиот е жртва на војната која ја водат лица за кои тој смета дека не се претставници на ниту една држава и оперираат самостојно во целиот регион. Тој го отфрли барањето на Њу Делхи за испорака на 20-те осомничени лица на кои ќе им се суди во Пакистан. Зардари изрази сочувство до Индијците и нагласи дека неговата влада ќе преземе акција против сите инволвирани. Во нападите во Мумбај, поранешен Бомбај, според последните информации загинаа 170 лица, а над 250 беа повредени.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми