1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

САД ги купија сите залихи на ремдесивир

БГ
30 јуни 2020

До крајот на септември ниту една друга светска држава нема да има пристап до лекот ремдесивир, откако администрацијата на Трамп одлучи да го откупи целото производство. Дали истото ќе се случи и со вакцината?

Coronavirus Arzneimittel Remdesivir
Фотографија: picture-alliance/Yonhap

Сите залихи на лекот ремдесивир, кој е еден од ретките што покажа позитивни резултати во лекувањето на коронавирусот, се откупени од страна на САД, и не остана буквално ништо за остатокот на светот. Во следните три месеци, лекот нема да биде достапен за ниту една друга држава.

Експертите се исплашени како од унилатералната акција на САД, така и од пошироките импликации од потегот, на пример, доколку се открие вакцина против Ковид-19.

Администрацијата на Доналд Трамп веќе покажа дека е подготвена да ги употреби сите средства за да добие медицински залихи пред останатите држави.

„Тие имаат пристап до повеќето залихи на ремдесивир, па не останува ништо за Европа“, вели за британскиот весник Гардијан истражувачот на Универзитетот во Ливерпул д-р Ендру Хил.

Лекот кој го произведува фирмата Гилиад досега имаше ефекти во лекување на пациенти заболени од коронавирус и во нивното побрзо закрепнување. Првите 140,000 дози од лекот веќе се потрошени. Администрацијата на Трамп ги откупи следните 500,000 дози, што е всушност целото производство на Гилиад до крајот на септември годинава.

Лекот ремдесивир беше наменет за лекување од вирусот Ебола, но се покажа неуспешен. Гилиад одлучи да ја понуди терапијата со лекот на пазарот по цена од 2,300 долари за пациент, што предизвика остри реакции кај експертите и политичарите во САД и други земји.

„Замислете да се работеше за вакцина. Тоа ќе беше бура. Но веројатно тоа е она што не очекува“, вели британскиот доктор Хил за Гардијан.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми