1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД го олабавуваат курсот кон Куба

Штефан Штикелман
17 мај 2022

Американската влада најави дека ќе укине голем број рестрикции против Куба.

Kuba | Migranten vor der US-Botschaft in Havanna
Кубанци пред амбасадата на САД во ХаванаФотографија: AFP via Getty Images

Министерството за надворешни работи на САД соопшти дека, меѓу другото, повторно ќе воведе програма која беше суспендирана неколку години, а со која се олеснува доселување на членовите на семејствата на Кубанците кои живеат во САД. Освен тоа, треба да се укине лимитот за трансфер на пари од САД во Куба, кој претходно беше ограничен на 1.000 долари по квартал. Треба да се зголеми и бројот на летови меѓу двете земји.

„Мал чекор во вистинска насока“

Во исто време, владата на Вашингтон нагласи дека сите финансиски санкции против одделни Кубанци и институции остануваат на сила. Станува збор само за „реакција“ на „хуманитарната ситуација“ во Куба и за давање можност на населението за „економски развој“, објасни висок американски функционер.

Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез зборува за мал чекор во вистинска насокаФотографија: POOL/AFP via Getty Images

Кубанската влада ја поздрави ваквата најава како „мал чекор во вистинска насока“. Сепак, тоа не ги менува „ниту целите ниту главните инструменти на неуспешната политика на САД против Куба“, напиша министерот за надворешни работи Бруно Родригез на Твитер.

По историскотозближување меѓу Куба и САД во периодот помеѓу 2014 и 2016 година, за време на мандатот на претседателот Барак Обама, односите меѓу двете земји повторно значително се заладија во времето на Доналд Трамп. Неговиот наследник, Џо Бајден, досега се придржуваше до сите санкции наметнати од Трамп против Куба, но сега се обидува внимателно да го промени курсот.

„Погрешна порака до погрешни луѓе во погрешно време од погрешни причини“

Односите со комунистичката карипска држава се политички експлозивни во САД, не само поради големиот број кубански имигранти. Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Сенатот, партискиот колега на Бајден, Боб Менендез, побрза да рече: „Денешното соопштение ризикува да испрати погрешна порака до погрешни луѓе во погрешно време и од погрешни причини“.

Боб Менендез, претседател на Комисијата за надворешна политика на американскиот СенатФотографија: Rod Lamkey/CNP/MediaPunch/picture alliance

На крајот на април, првпат по четири години, САД и Куба одржаа директни разговори за миграцијата на високо дипломатско ниво. Притоа стана збор и за имплементација на постојните договори за доселување, меѓу другото и со оглед на неодамнешното зголемување на илегалната миграција од Куба во САД. Кубанското Министерство за надворешни работи ги критикуваше САД дека не се придржуваат до билатералниот договор со кој за Кубанците се гарантираат 20.000 визи годишно. Висок функционер на американската влада сега изјави дека овој број треба да се достигне што е можно поскоро.

- повеќе: Куба - диктатура без диктатор

Персоналот во американската амбасада во Хавана пред повеќе години беше намален на минимум поради т.н. „Хавански синдром“. Од 2016 година, десетици американски дипломати и нивните семејства кои живеат во кубанската престолнина се жалеа на мистериозни главоболки, губење на слухот, вртоглавица и гадење. Слични поплаки подоцна беа пријавени и на други места во светот. Во извештај на американските тајни служби од февруари се вели дека некои случаи на „Хавански синдром“ можеби биле намерно предизвикани од некаков вид на електромагнетно зрачење.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми