1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

САД го разлутија Ердоган

СН/ агенции
11 мај 2017

Американската воена помош за сириските Курди му е трн в око на турскиот претседател. Сега се наближува нов транспорт на оружје и Ердоган, непосредно пред неговата посета на САД, го повика Трамп да преземе нешто

Türkei Präsident Erdogan
Фотографија: Reuters/A. Zemlianichenko/Pool

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган недвосмислено побара од американската администрација да ја повлече одлуката за испорака на тешко вооружување за курдската милиција ЈПГ во Сирија. Пред новинарите во Анкара Ердоган говореше за грешка, која „мора да биде коригирана без одолговлекување“. Тој најави дека за ова ќе разговара со претседателот Трамп и се надева „оти американските сојузници ќе останат на турска страна а не на страната на терористички организации“. Турција ги смета Курдските единици за одбрана (ЈПГ) во Сирија за терористичка организација, поради нивните врски со забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК). „Со една терористичка група (ЈПГ)  да се води борба против друга терористичка група ( н.з. Исламска држава) е грешка“, порача Ердоган.

Властите во Анкара стравуваат дека оружјето наменето за ЈПГ би можело да заврши во рацете на ПКК, која води герилска војна против турската армија. Неодамна турските воени авиони извршија напади врз позиции на ЈПГ, а дојде и до копнени судири на сириско-турската граница.

Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Depo Photos/M. Corban

Однапред информирани

Контроверзите се случуваат кусо пред долго очекуваната посета на Ердоган на неговиот американски колега Трамп. Тој во Вашингтон треба да пристигне во наредниот вторник. Во насока на подготовка на посетата во изминатите денови во Вашингтон пристигнаа началникот на генералштабот на турската армија Хулуси Акар, шефот на тајната служба Хакан Фидан и портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин. Според весникот „Њујорк Тајмс“ делегацијата таму се сретнала со советникот за безбедност на Трамп, Х.Р МекМастер и била однапред иформирана за испораката на оружје за ЈПГ.

Пентагон соопшти дека Трамп го одобрил доставувањето на оклопни возила, рачно огнено оружје, автоматски пушки и муниција за ЈПГ за „да се осигура јасна победа против ИД во Рака“. НАТО-партнерот Турција веќе подолго време бара САД во офанзивата на главното упориште на ИД во Сирија наместо со курдските милиции да соработува со турската армија и со протурските бунтовници.

Единиците на ЈПГ меѓутоа важат за воено најсилни борци против терористичката милиција. САД ги снабдува со оружје и логистика уште од 2014 година.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми