САД за поголема улога на ОН во Ирак
19 јануари 2004Реклама
Каква е понатамошната судбина на Ирак? Кога и под какви услови треба да бидат вклучени ОН во обликувањето на повоениот поредок во оваа земја? Овие прашања ќе се најдат во центарот на вниманието при денешните разговори меѓу генералниот секретар на Светската организација, Кофи Анан, од една страна и шефот на американската цивилна управа за Ирак, Пол Бремер и претставници на Ирачкиот Преоден совет од друга.
Најновиот бомбашки напад во Багдад, во кој животот го загубија повеќе од 20 лица, секако повторно ќе ја зголеми загриженоста на Кофи Анан за безбедносната ситуација во Ирак. Сепак, иако ОН се повлекоа од Багдад по нападот врз нивното седиште во август минатата година, шансите за враќање на Светската организација во оваа земја сега се поголеми од кога и да е во изминатиот период. Но:
"Сакам да чујам како треба да изгледа улогата на ОН сега во преодната фаза. За тоа каква улога ќе имаат подоцна, околу тоа сега не се грижам толку многу" - вели Кофи Анан.
Ниеден од сериозните познавачи не смета со ветување на Пол Бремер за поголема улога на Светската оргнизација во Ирак. Во меѓувреме сепак и на Белата куќа и' е јасно дека ОН се неопходни во улогата на посредник и подготвувач на патот за слободни демократски избори. Слично како и во Авганистан, неопходен е авторитет, што ќе биде во состојба да ги подготви изборите, бидејќи САД како окупациона сила за таква улога не се погодни. Големи надежи се полагаат во досегашниот специјален пратеник на ОН за Авганистан, Лакдар Брахими, кој во меѓувреме стана советник на Анан и за Ирак. Брахими во меѓувреме нагласи дека ОН нема да стават во функција на помошници на САД, ниту пак на кое и да е друго лоби.
О-тон
"Во нашите планови стои само едно нешто зацртано, имено добробитта на ирачкиот народ!"
Сепак, дипломатите во седиштето на ОН во Њујорк со воздржаност реагираат на засилените преговори на Американците со Светската организација. Зошто сега да се вклучат ОН во политичкиот процес во една окупирана земја? И тоа посебно со оглед на фактот што администрацијата во Вашингтон и од неа именуваниот Преоден управен совет во Багдад уште во ноември јасно ја исклучија Светската роганизација од тој процес?
"Би било убаво да чуеме како го проценуваат сега политичкиот процес и каква улога очекуваат во иднина да одиграат ОН во Ирак?" - вели актуелниот претседавач со Советот за безбедност Хералдо Муњоз од Чиле спроти средбата СО Пол Бремер. Но, ни тој, како ни неговиот канадски колега, во секој случај не сакаат Светската организација да биде вовлечена во улогата на главен виновник на потенцијално неуспешниот процес на пренесување на власта во Ирак.

Реклама