САД – Ирак
24 април 2007Реклама
Американскиот конгрес и покрај заканите на претседателот Џорџ Буш дека ќе стави вето, сепак има намера да го донесе воениот буџет во кој во делот за Ирак и Авганистан ќе има клаузула за повлекување на американските сили. Претставници на сенатот и конгресот се договорија за заеднички закон за буџет за кој треб ада се гласа во двата дома на парламентот. Законот предвидува почеток на повлекување на американските војници од Ирак уште годинава. Повлекувањето би требало да биде завршено најдоцна мна први април 2008 година. Буш смета дека вештачки временски план за повлекување на американските сили е грешка.