1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

САД испраќаат засилувања во Саудиска Арабија

СН/агенции
21 септември 2019

Во конфликтот со Иран, американскиот претседател Трамп уште малку го затега ременот. Тој испраќа уште повеќе војници и материјал во кризната област. Пентагон говори за „дефанзивно-ориентирана“ мисија.

US-Soldaten im Golf von Oman
Фотографија: picture-alliance/dpa/US Navy/Jacob Milham

Американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, изјави дека САД испраќаат засилување во регионот на Персискиот залив по нападите на саудиските нафтени постројќи кои му ги припишуваат на Иран.

САД испраќаат засилување на барање на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. „Претседателот (на САД Доналд Трамп) одобри распоредување на американски сили кои ќе бидат одбранбени и пред се' ќе се фокусираат на воздухопловните сили и на противракетната одбрана“, изјави шефот на Пентагон, Еспер.

Повеќе:

-Иран спроведува стратегија на ескалација

-Саудијците не исклучуваат воени напади врз Иран

-Ранлива регионална сила: Колку е силна Саудиска Арабија?

Началникот на генералштабот на американската војска, генерал Џо Дандорд, рече дека не е одлучено колку точно војници ќе бидат распоредени, како ниту каков вид опрема.Тој на коференцијата за новинари во Пентагон наведе оти американското распоредување во Персискиот залив ќе биде „умерено“. Трамп вчера изјави дека се воведени нови санкции против иранскиот банкарски систем.Овие нови санкции доаѓаат по нападот на нафтените постројќи во Саудиска Арабија.

Фотографија: picture-alliance/dpa/Bildfunk/A. Nabil

САД сметаат оти Иран е одговорен за нападите, иако одговорноста ја презедоа шиитските бунтовници во Јемен. Иран демантира вклученост во нападите со дронови на нафтената постројка Абкаик, која е најголема во светот, и на нафтеното поле Кураис. Нападите го нарушија светското снабдување со овој енергенс.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми