1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД и ЕУ бараат именување на тимот на Јанева

БГ13 октомври 2015

САД и ЕУ во заедничко соопштение изразија задоволство од досегашното спроведување на законот за специјален јавен обвинител.

Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Grdanoski

Советот на јавни обвинители треба да си ја изврши законската задача и да го именува тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева, побараа денеска преку соопштение Амбасадата на САД и Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Брисел и Вашингтон го поздравуваат досега постигнатиот напредок по однос на спроведувањето на законот за јавниот обвинител за истраги за прислушуваните комуникации, што е клучен сегмент од политичкиот договор.

Брзото именување на Катица Јанева на функцијата јавен обвинител за истражување на прислушуваните комуникации и фактот што таа достави навремен предлог за тим на обвинители до Советот на јавни обвинители, и општи планови за работа, за тимот и за финансиите до Собранието, до Владата и до Советот на јавни обвинители, претставуваат позитивни моменти, велат претставниците на САД и ЕУ.

„Од суштинска важност е Советот на јавни обвинители да ја изврши својата улога согласно законот за водење на истраги за прислушуваните комуникации и да го именува тимот на Јанева, за да може нејзиното обвинителство да почне да го извршува својот мандат и своите задачи независно и без да трпи било каков облик на политички притисок“, потенцираат претставниците на САД и ЕУ. Оттаму уште нудат и техничка помош за јавниот обвинител.

Според информации во повеќе македонски медиуми, денеска се одржува состанок на Советот на јавни обвинители на кој треба да се аминува тимот на Јанева.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми