1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД и ЕУ повикуваат на мир на Косово, Србите ги јакнат барикадите

17 септември 2011

Состојбата на Косово се оценува како делумно смирена, но Србите во северниот дел ја поминаа ноќта на барикади и бараат повлекување на косовските и полицајците и цариници на Еулекс од граничните премини Јариње и Брњак.

Локалните Срби ги јакнат барикадитеФотографија: dapd

САД ги повикаа сите страни на Косово „да се воздржат од избрзани акции“ во моментите кога расте тензијата во северниот дел на границата со Србија, објави Стејт департментот во Вашингтон.

„Јасно е дека сме загрижени со ситуацијата на теренот“, изјави за новинарите портпаролот на американската дипломатија, Марк Тонер.

„Ги поздравуваме напорите на КФОР и полицијата на мисијата на ЕУ за одржувањето на атмосферата на безбедност и овозможувањето слободна размена на стоки и луѓе“, дополнил Тонер.

Граничниот премин Јариње, архивска снимкаФотографија: Filip Slavkovic

Тој додал дека блокадата на патиштата и барикадите само ќе им наштетат на интересите на Албанците и на Србите, во „нивното тежнеење за прием во ЕУ“.

Со слична порака се огласи и претставникот на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон. Таа предупреди од нови насилства на границата меѓу Србија и Косово, повикувајќи на мир и воздржаност. „Во интерес на сите е да се намали напнатоста, да се биде умерен при изјавите и одговорен во постапките“, побара Ештон.

Царинската контрола на границата кон Србија од страна на службеници на Еулекс и косовски цариници нема врска со статусот на Косово како независна држава, туку се работи за слободна трговија и функционирањето на правната држава во Косово“, истакна Ештон.

Косовската полиција и полицијата на Европската унија на Косово - Еулекс, вчера беа распоредени на два гранични премини на границата со Србија, Јариње и Брњак, во зоната на северно Косово, во областите во кои е доминантно српското население. Србите, пак, ги блокираа сите патишта кои од северот на Косово водат кон границата со Србија. Барикадите ноќеска се зајакнати, но ноќта помина мирно. Најголем број граѓани и денеска се на барикадите кај двата гранични премини Јариње и Брњак, спречувајќи движење и барајќи повлекување на припадниците на Еулекс и на албанските полицајци и цариници од двата премини.

Автор: ЖА/ АТ/бета/ дпа

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми