САД и Иран на нови преговори
23 јули 2007Реклама
САД и Иран се согласија за одржување на нова рунда разговори околу критичната безбедносна состојба во Ирак. Средбата на која ќе учествуваат дипломатски претставници на двете земји треба да се одржи во Багдад во вторник- соопшти ирачкото министерство за надворешни работи. САД инаку го обвинуваат Иран дека со подршка на шиитските милиции го разгорува насилството во Ирак.