САД и Кина се договорија за санкции кон Северна Кореја
5 март 2013САД и Кина постигнаа договор за нацрт резолуција со која ОН ќе воведат нови санкции кон Северна Кореја поради минатомесечната нуклеарна проба. Советот за безбедност на ОН синоќа соопшти дека денеска ќе одржи затворени консултации за Северна Кореја. Неименувани дипломати изјави дека се очекува САД во текот на консултациите да достава нацрт резолуција која потоа ќе биде испратена на поединечно разгледување кај членките на Советот.
Северна Кореја изведе нуклеарна проба на 12 февруари и таа беше веднаш едногласно осудена од меѓународната заедница. Во последните три недели САД, кои се близок сојузник на Јужна Кореја и на Јапонија, од една и Кина, која е најблизок партнер на Северна Кореја, преговараат за нова резолуција со која на Пјонгјанг ќе му биде наметнат четвртиот пакет санкции.
Советот за безбедност минатиот месец ја нарече нуклеарната проба на Пјонгјанг „тешко кршење“ на три резолуции на ОН со кои на Северна Кореја и се забрануваат нуклеарни и ракетни проби.