1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД и Твитер ја осудија одлуката на Турција

Александар Методијев/миа/ројтерс22 март 2014

Стејт департментот ја осуди одлуката на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган да се блокира социјалната мрежа Твитер во неговата земја. Од компанијата Твитер се надеваат дека пристапот наскоро ќе биде деблокиран.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Американскиот Стејт департмент оцени дека одлуката на Ердоган „противречи на желбата да се биде модел за демократија, изразена од самата Турција“. САД ја поддржуваат слободата на изразувањето во Турција и се спротивставуваат на создавањето на секакви пречки пред неа. Стејт департментот ја повика турската влада „да го обнови пристапот до сите социјални мрежи“. „Повикот е упатен и по дипломатски канали“, изјави портпаролката на Стејт департментот Џенифер Псаки.

Во меѓувреме, социјалната мрежа Твитер изрази очекување пристапот до неа наскоро повторно да биде овозможен во Турција.

„Ние ги поддржуваме нашите корисници во Турција, кои сметаат на Твитер како на важна комуникациска платформа. Се надеваме дека многу брзо ќе биде обновен целосниот пристап“, порачаа од компанијата Твитер.

Ќе има ли по Твитер блокади и на други социјални мрежи?Фотографија: Reuters

Во Турција растат стравувањата дека по Твитер ќе бидат блокирани и други мрежи и интернет-сервиси, бидејќи премиерот Ердоган во минатото се закануваше дека ќе ги блокира Фејсбук, Гугл и ЈуТјуб. Сепак овие вебстраници останаа достапни во Турција.

ЈуТјуб го одби барањето на турската влада да се блокираат одредени видеа. За ова вчера информираше весникот „Вол стрит журнал“, цитирајќи анонимни извори. Весникот цитираше и анонимни извори од Гугл, кои пренесуваат дека постојат стравувања за блокирање на оваа вебстраница.

Забраната, која се покажа дека не е целосно ефективна, покажува дека владата прави уште еден обид за да ги спречи критичките коментари кои излегуваат слободно на социјалните мрежи. Експертите сметаат дека не треба да пости загриженост дека останати влади веднаш ќе го следат примерот на Турција со забранувањето на Твитер. Но, оваа компанија, која долгорочно нуди сервиси на комуникација, кои се лесни за користење и претставуваат поддршка за слободата на говор, стана видлива цел на некои влади.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми