САД и Јапонија со притисок врз Иран
17 мај 2012Нацрт законот ќе има неколку промени од мерките усвоени на ниво на комитет во Сенатот во февруари, но ревидираниот текст има поголема поддршка од Американско-израелскиот комитет за јавни работи, моќна произраелска лоби група.
Во исто време, јапонските банки ги запреа трансакциите од иранската влада, откако американски суд им нареди замрзнување на 2.6 милијарди евра, поради бомбардирање на американски бараки во Бејрут, во 1983-та година. Сумата е компензација што ја бараа семејствата на жртвите.
„Точно е дека добивме наредба од американски суд за замрзнување на средствата“, информира портпаролот на Бенк оф Токио-Мицубиши, одбивајќи да даде информација за вредноста на иранските заштеди во банката. Портпаролот сепак додава дека банката вчера поднесла жалба до судот.
„Една од причините за жалбата е што американскиот суд нареди забрана на пристапот до ирански средства, не само во САД, туку и во Јапонија, што е проблематично според јапонското законодавство“, рече портпаролот на банката.
Властите во Техеран негираат дека се одговорни за нападот на 23-ти октомври 1983-та година, но Вашингтон веднаш го вброи Иран на листата земји кои го поддржуваат тероризмот. Во тој напад со 19 тони експлозив беа убиени 241 американски војници. Бомбардирани беа и француски воени објекти, при што беа убиени 58 француски падобранци.