1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Симбол на исчезнувањето на светската сила САД

Инес Пол
11 септември 2021

11. септември 2001. година означи пресврт. Повлекувањето од Авганистан, 20 години подоцна, е доказ дека САД сега ги ставаат внатрешните интереси на прво место, смета Инес Пол.

BG New York City 20 Jahre nach 9/11 | World Trade Center, Anschlag 2001
Фотографија: Alex Fuchs/AFP/dpa/picture alliance

Терористичкиот напад ја погоди Америка во срце, на повеќе начини. Никогаш претходно не се случил напад од такви размери на американско тло. Не само во поглед на бројот на загинати и повредени. Туку и прецизноста со која терористите во рок од еден час ги уништија симболите на економската и воена надмоќ во светот.  Веројатно само благодарение на неколкумина храбри патници, четвртиот авион, по Светскиот трговски центар и Пентагон, не можел да го заврши својот кобен лет во Белата куќа или во Капитол.

Речиси заборавениот егзистенцијален шок

Денес, 20 години подоцна, шокот, егзистенцијалниот потрес, би бил речиси заборавен. Во секој случај за оние кои се помлади од 30 години и едвај да имаат некакви активни сеќавања на денот и деновите кои следеа. Но, за многу други Американци кои живеат далеку од Њујорк или Вашингтон, настаните станаа историја.

Безбедносните мерки на претпазливост на аеродромите веројатно и натаму нервираат, но се навикнавме на подолги редици, доброволно соблекување на чевлите и спремни сме да платиме четири долари за шише вода зад сигурносната проверка.

Инес Пол, автор на коментаротФотографија: DW/P. Böll

20-годишнината од нападите веројатно во тој поглед малку нешто би променила. Ако сегашниот претседател Џо Бајден не го поврзеше повлекувањето од Авганистансо тој кобен датум. Тој 11. септември го означи за ден на кој американските војници дефинитивно треба да ја напуштаат земјата, веројатно за да сигнализира дека мисијата е успешно завршена.

Повторно исламофобна огорченост

Имајќи ги во вид моментните слики од Кабул, тешко е да се зборува за надворешнополитички успех. И на домашен терен, дебатата околу тоа како да се постапува со бегалците од Авганистан поттикна оживување на исламофобијата од првите неколку години по нападот. Се чини дека муслиманите повторно се претворени во политичка играчка во валканата изборна кампања која се води пред меѓуизборите. Сликите на хоророт од пред 20 години ќе се користат токму за таа цел.

За да ја разбереме сегашноста, често е корисно да се фрли поглед кон минатото. Во септември 2001. година Џорџ Буш беше во првата година од претседателскиот мандат. Доби голем аплауз поради најавата дека со сите неопходни средства ќе го улови организаторот на терористичките напади, Осама бин Ладен.

Во текот на годините, милијарди долари се слеваа во т.н. борба против тероризмот, а тајните служби и војската беа дополнително вооружени и опремени. Прифатен беше наративот дека на САД им се заканува опасност од надвор и дека мора да се направи сѐ за таа закана еднаш засекогаш да заврши.

Отсонуван сон

Но, со секоја година и бледеењето на сликите на урнатите кули, се намалуваше и подготвеноста уште да се жртвуваат човечки животи и да се трошат милијарди за војни за кои се чинеше дека нема никогаш да завршат. Политичката елита така се најде во стапица. За да се оправдаат војните, барем по убиството на Осама бин Ладен во Пакистан во 2011. година, главниот фокус веќе не можеше да биде на борба против терористичките мрежи.

Во фокусот сѐ повеќе стигнуваше поддршка на демократските сили. За Авганистан да биде претворен во држава со западен облик на државна власт. Како и претходно во Виетнам, се подлегна на заблудата за можност од извоз на сопствениот политички систем и на таков начин да се заштити светот од комунизмот, екстремизмот и тероризмот.

Овој сон е готов. Џо Бајден не остава ни малку сомнеж дека САД своите надворешнополитички интереси ги субординираат исклучиво на интересите на својата земја. Американските воени ангажмани дополнително ќе се намалат. Претседателот Бајден ќе се посвети на домашните политички потреби, како подобрување на инфраструктурата и борбата против климатските катастрофи.

Кој го пополнува создадениот вакуум?

Што се однесува на надворешната политика, вистински важно е само едно прашање: борба за моќ со Кина. Во Сирија Американците веќе ѝ го препуштија теренот на Русија, и во Либија се воздржани. Дури ни Израел веќе не сака да се потпира на САД и ги шири своите односи со арапските држави. Колку ќе траат тие сојузи, е друго прашање. Многу експерти стравуваат дека што повеќе САД се надвор од игра, ќе се намали и прагот на инхибиција за воени напади.

20 години по терористичките напади, срушените кули на Светскиот трговски центар станаа симбол на заминувањето на долгогодишниот светски полицаец – САД. И предупредувачки знак дека ќе мора да постојат нови сојузи ако целта е спречување на пополнување на вакуумот од страна на антидемократски сили кои настануваат и кои делумно веќе постојат.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми